Скоро во иста мера како и свежите, сувите смокви се многу хранливи и богати со витамин Б комплекс, како и со витамини А, Ц и К (само не претерувајте).
Полни се со железо, а во комбинација со маслиново масло се добро превентивно и помошно средство за голем број болести.
Сувите смокви во маслиново масло се одлични за плодност и се препорачуваат за парови кои имаат потешкотии за зачнување, како и за оние кои планираат да имаат потомство.
- Тие служат како помошно средство за двајцата партнери, а кај мажите добро делуваат на потенцијата и плодноста. Добри се и за жените во менопауза, советуваат нутриционистите.
Покрај тоа, се смета дека оваа комбинација помага во регулирањето на нивото на FSH (фоликуло-стимулирачки хормон), кои често се пониски поради стресот. Се препорачува да се земе една смоква наутро на празен стомак.
- Сувите смокви во маслиново масло се лек за желудникот, се користат за отстранување на разни бактерии, чиреви, може да се користат како помош против хемороиди, запек, анемија, болести на цревата, бронхитис... Оваа смеса често се нарекува универзална помош.
Потребни ви се 40 суви смокви (исечете ги на средина), кои треба да ги натопите во литар ладно цедено нерафинирано маслиново масло кое сте го полиле во стаклена тегла. Ставете го во фрижидер 40 дена. По 40 дена секој ден земајте по една (преполовена) смоква на празен стомак, најмалку 30 минути пред појадок.
Земете половина смоква непрекинато 20 дена, два пати годишно.