Тренерот на Тотенхем бесен како рис: „Кажи ми го тоа во лице, ќе добиеш по нос“

Точка

18/09/2024

15:42

1.798

Големина на фонт

а а а

Минатиот викенд Тотенхем на домашен терен загуби со 1:0 од Арсенал во четвртата рунда од Премиер лигата. Крилото Бренан Џонсон (23) беше во првиот тим на Тотенхем, па го напушти теренот во 68. минута.

Англиските медиуми пишуваат дека по средбата фановите на социјалните мрежи го навредувале младиот Велшанец, кој потоа го избришал неговиот Инстаграм профил.

Во одбрана на Џонсон застана тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу.

„Мразам што овие работи станаа нормални. Станува збор за млад човек на кој моментално му недостасува самодоверба. Работите не одеа како што сакаше. Но, тој работи напорно и правилно секој ден, бара повратни информации и напорно се труди да стане играч каков што сака да биде. Тоа го боли. Не е дека останува надвор до доцна или не му е грижа. Што згреши тој? Тој е виновен што не игра на нивото на кое луѓето очекуваат од него. Како професионален фудбалер треба да прифатиш дека ќе те критикуваат поради тоа, тоа е дел од твојот напредок. Бренан е уште млад, мислам дека допрва ќе извлечеме многу од него“, изјави Постекоглу.

„Тажно е да се види дека таквите работи станаа нормални. Тоа е злоупотреба, што не го разбирам. Каква личност пишува навредливи пораки некому? Критиките и гневот за играта се една работа. Ама да седнам и да напишам нешто навредливо… Кажи ми го тоа во лице, ќе добиеш по нос. Нема да го повториш тоа, пријателе. Но, тие нема да го направат тоа. Ќе се скријат. За жал, тоа е светот во кој живееме. Кога го гледам Бренан, гледам млад човек кој се труди да биде најдобар што може. Тоа не секогаш гарантира успех и е дел од неговото патување. Мора да се справиме со тоа, но тој е одлично момче и одличен фудбалер. Оптимист сум за тоа што ќе ни донесе“, додаде Постекоглу.

Тотенхем го плати Џонсон 55 милиони евра

Џонсон кариерата ја започна во Нотингем Форест, а минатата сезона пристигна во Тотенхем во трансфер вреден 55 милиони евра. Беше изненадување со оглед на тоа што пошироката спортска јавност немаше слушнато за него.

Сезонава забележа четири настапи за Тотенхем, додека вкупно на 38 одиграни натпревари има постигнато пет гола и десет асистенции.

Неговиот договор е до 2028 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 48 милиони евра.

За репрезентацијата на Велс има 31 настап и три гола.




Спонзорирани линкови

Маркетинг