Ана Ивановиќ секој ден пие ист напиток: Ги намалува брчките и го ослободува стресот

Макфакс

15/01/2025

07:44

1.325

Големина на фонт

а а а

Нејзината исхрана е богата со свежо овошје, зеленчук, житарки, протеини и јаткасти плодови.

Ана Ивановиќ (37) отсекогаш имала витка линија на која многумина и завидуваат, а тоа најмногу се должи на здравиот начин на живот кој го води. Убавата Ана трипати се породи, со Бастијан Швајнштајгер има три сина, а сите велат дека никогаш не изгледала подобро.

Ана одлично се грижи за своето лице и тело, а своевремено пишуваше дека не може да замисли ден без шолја чај.

Имено, тоа е јапонскиот зелен чај во прав, кој носи бројни придобивки за нашето тело. Поранешната тенисерка најчесто го консумира ладен, а го сака затоа што го намалува стресот, а со тоа и го спречува создавањето на брчки.

– Ги сакам одличните ефекти на мача чајот.

„Го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата, меморијата и расположението“, истакна Ана еднаш.

Често на Инстаграм споделува што јаде, а еднаш го покажа и својот омилен рецепт.

– Започнете ја годината со здраво јадење. Мојот омилен рецепт: брокула, фалафел, аспарагус, сладок компир, хељда или кафеав ориз, црвена зелка, ротквици, краставица и зелена салата како основа. Додадете ги омилените додатоци и уживајте во оброкот“, напиша тогаш Ана.

Нејзината исхрана е богата со свежо овошје, зеленчук, житарки, протеини и јаткасти плодови, а сака да го започне денот со еден од омилените појадок.

„Здравјето е богатство. Никогаш не сум верувала во диети, туку во квалитетна исхрана“, изјави убавата поранешна тенисерка.