[ВИДЕО] Гвардиола дивееше по ремито со Брентфорд, па одржа бизарна прес-конференција

24Вести

15/01/2025

09:43

546

Големина на фонт

а а а

Манчестер сити во 21. коло од Премиер лигата на гостувањето кај Брентфорд испушти предност од два гола во само 10 минути. Сити со головите на Фил Фоден имаше водство 0:2, но тогаш Виса и Норгард погодија за 2.2.

Но, реалноста на Сити и по оваа пропуштена победа е дека се бори за четвртото место сезонава и за пласман во Лигата на шампионите. По ова реми, Манчестер сити е шести во Премиер лигата со 35 бодови, исто толку колку и петтопласираниот Њукасл, но со натпревар помалку.

Фудбалерите на Сити беа исцрпени по последниот судиски свиреж, а штом судијата го означи крајот на натпреварот менаџерот Пеп Гвардиола се упати кон Јошко Гвардиол.

Шпанскиот тренер делуваше луто и многу темпераментно му објаснуваше нешто на хрватскиот дефанзивец. Откако разговараше со него, тој премина кај голманот Стефан Ортега и исто толку страсно му објасни, со изразени гестови, викање, гушкање и лесни тупаници.

Со оглед на тоа што камерите уловија што прави и како изгледа Гвардиола, на прес-конференцијата по натпреварот новинарите се интересираа што им зборувал на Гвардиол и Ортега. Менаџерот рече дека е воодушевен од настапот на двајцата.

„Разговаравме за тоа колку добро играше. Тој одигра неверојатен натпревар”, изјави Гвардиола за Гвардиол. „Разговаравме за една акција, исто е и со Ортега, му кажав колку добро играше, колку добро му додаде на Ерлинг и особено сум задоволен од нив двајца“.

Ова не е единствениот чуден одговор на Гвардиола на новинарските прашања, легендарниот тренер продолжи да дава бизарни изјави. Еве уште неколку:

Дали сте задоволни со бодот против Брентфорд?

Да, така е како е.

Наскоро ќе потпишете со Абдукодир Кусанов, Витор Реис и Омар Мармуш?

Немам што да кажам.

Дали Кајл Вокер повторно ќе игра за Сити?

Го кажав тоа што го кажав. Немам што повеќе да кажам.

Стрелецот Фоден рече дека сте ја испуштиле предноста од два гола затоа што тимот бил уморен?

Да, затоа го заменив.