Македонскиот ракомет утрово е завиен во црно по информацијата дека тренерот на РК Тинекс Пролет и долгогодишен репрезентативец на Македонија, Александар Јовиќ, го загуби својот живот.
Тој беше тренер на тимот Тинекс Пролет со кој пред неколку дена ги започна поготовките за вториот дел од сезоната. Ракометна Македонија е завиена во црно по оваа информација.
Александар Јовиќ е роден на 24 септември 1973 година во Бјелина, БиХ, но најголемите успеси во кариерата ги направи во Македонија, носејќи го дресот на Вардар, Металург, Пелистер…
Раководството на клубот Тинекс Пролет и сите ракометари се во шок од големата загуба, губејќи пријател кој остави силна трага за една година колку што мина во семејството на РК Пролет.
„Тинекс Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ. Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа.
Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.
Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот.
Искрено сочувство до семејството,
РК Тинекс Пролет