Мајкл Даглас во Украина: Оскаровецот пристигна со синот, а еве што правеа таму

Точка

12/09/2024

18:16

3.050

Големина на фонт

а а а

Оскаровецот Мајкл Даглас заедно со синот Дилан се прошетаа низ Киев, а денес тој учествува на „Самитот на првите дами и господа“, којшто го организира Олена Зеленска.


Овој настан го организира првата дама на Украина, Олена Зеленска, а оскаровецот, којшто е амбасадор на добрата волја на ОН, прво ги посети популарните места во украинската престолнина, а потоа ги посети рестораните коишто служат украински национални јадења, пренесува „Unian“.

Украинскиот угостител и готвач, Јевген Клопотенко, на „Х“, објави дека имал можност да разговара со Даглас, а двајцата направија и неколку фотографии.

Како што соопшти Канцеларијата за туризам и промоција на киевската градска, државна управа, Даглас го посетил манастирот со златна купола „Михајловски“, „Михајловскиот“ плоштад и паркот „Володимирски ридови“, како и црквата „Свети Андреј“.


Актерот во 2022 година, по руската инвазија врз Украина, изрази поддршка за украинскиот народ. „Сега е вистинско време да се процени што е вистинска демократија. Многу сум горд на она што го направија овие луѓе во оваа земја“, изјави Даглас мислејќи на Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг