Од кого бебето ја наследува интелигенцијата

Точка

02/09/2024

20:47

6.945

Големина на фонт

а а а

Темата за која многумина родители сакаат да расправаат е тоа од кого детето ја наследило интелигенцијата, а според научните истражувања колку е паметно детето зависи од интелигенцијата на едниот родител.

Познато е дека жените имаат „ХХ“ хромозоми, а мажите „XY“ хромозоми, тие се наоѓаат во клетките и одговорни се за пренесување на гените.


Истражувачите тврдат дека интелигенцијата доаѓа директно од тие значајни „X“ хромозоми, а со оглед на тоа дека жените ги имаат „ХХ“ хромозомите, постои два пати поголема шанса дека интелигенцијата на детето потекнува од неговата мајка.

Исто така истражувањата покажале дека „XY“ хромозомите придонесуваат кон физичкиот развој на децата. „Луѓето кај коишто преовладуваат гените на мајката имаат поголема глава и мозок, а помал долен дел од телото, додека луѓето кај коишто преовладуваат гените на таткото имаат помали мозоци, но поголем долен дел од телото“ изјави еден од истражувачите.

Покрај ова, истражувачите од универзитетот во Вашингтон, покажаа дека емоционалната врска е многу значајна за развојот на мозокот.


Исто така една студија на одделот за медицински истражувања на општествени и јавно здравствени активности во Глазгов, откри дека децата имаат тенденција да наликуваат на мајките според нивната интелигенцијата.

Истражувачите ги интервјуирале децата секоја година, од 14 до 22 годишна возраст, земајќи ги предвид различните фактори како што се образованието и општествено економскиот статус, и открија дека најдобриот „предвидувач“ на нивната интелигенција се нивните мајки – „IQ“ на децата бил околу 15 поени поразличен од „IQ“ на нивните мајки.


Меѓутоа сите научници не се согласуваат со основниот принцип за „Х“ хромозомите, и нагласуваат дека генетиката не е единствениот фактор во одредувањето на интелигенцијата на детето.

Според „Psychology Spot“, се проценува дека околу 40% – 60% од интелигенцијата се наследува додека останатиот дел доаѓа од окружувањето, па така мајките и татковците можат да имаат важна улога во емоционалниот и интелектуалниот развој на своите деца преку градењето на нивната самодоверба, игрите и подучувајќи ги нови вештини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk