Која е внуката на Џон Кенеди со која Афлек е виден во екот на разводот? Таа е 16 години помлада, сака да биде актерка

Точка

26/08/2024

13:15

2.709

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек е доказ дека на некои луѓе не им треба многу за да се обидат да продолжат во љубовта по раскинувањето или тешкиот развод.

Не само што неговата разделба со Џенифер Лопез по втор пат е сè уште „жешка“ тема и тоа кој ќе помине „полошо“ кога ќе се потпишат конечните документи за поделба на имотот, туку Бен успеа да направи неколку чекори за помалку од две недели поради кои стигна до насловните страници.

Неодамна му беше роденден, кога успеа да ја „заскокотка“ јавноста со своите интересни гости, почнувајќи од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, која насмеана си заминала од посетата, а потоа и втората, неочекувана посета од Џенифер Лопез, која била значително пократка од првата. Откако документите за развод се појавија во јавноста, Бен решил да помине време со Џенифер Гарнер и децата, што само ги зголеми сомнежите дека сепак посакува љубов со погрешната Џенифер.


Меѓутоа, бидејќи Бен очигледно сака во очите на светот да биде маж кој жените не можат да му одолеат, но и да го покаже својот „мачо“ карактер, тој не одолеа да направи уште еден чекор за да остане актуелен.

Имено, додека Џеј Ло сè уште достојно минува низ разводот, нејзиниот поранешен партнер во целата сага внесува нова личност и нови шпекулации.

Која е 16 години помладата жена со која Бен го заборава разводот?

Афлек бил виден со внуката на Џон Кенеди, 35-тиот претседател на САД, поточно со ќерката на Џон Кенеди помладиот.

Кејтлин Александра Кенеди, позната како Кик, е 16 години помлада од Бен, а според близок извор, „Page Six“ пренесува дека тие поминале извесно време заедно и дека постои сомневање дека Бен го преболува бракот со помош на оваа жена.

Кик не наликува толку на нејзиното семејство, бидејќи политиката е далеку надвор од нејзините сфери на интерес. Таа го чека моментот кога нејзината желба за глума конечно ќе вроди со плод.

Кик го добила името по нејзината баба, сестрата на претседателот Кенеди, која трагично настрада во авионска несреќа на 28-годишна возраст.

Веќе многу коментари се појавија на нејзините фотографии на социјалните мрежи. Многумина наведуваат дека гледаат голема сличност со Џенифер Гарнер, поради што многумина повторно „удираат“ по чудните избори и стандарди на Бен Афлек.

Дали тој во секоја нова ја бара поранешната сопруга - или по име или по изглед?

Секако, ситуацијата е таква што моментално со Бен, Кик не добива значително позитивни реакции, особено што луѓето многу строго судат некој што се „вмешува“ со луѓе во брак или за време на развод.



Спонзорирани линкови

Маркетинг