[ФОТО] Со убавината ја засенуваше и Моника Белучи, а денес ја споредуваат со „чудовиштата од пластична хирургија“: Манекенката со хрватско потекло шокирала со својот изглед

Точка

23/08/2024

23:16

10.593

Големина на фонт

а а а

Нина Мориќ ги имала сите предиспозиции да оствари блескава манекенска кариера, но, наместо на насловните страници на модните списанија, таа ги полнела таблоидите.

Нина Мориќ (48), хрватска манекенка и поранешна сопруга на италијанскиот папарацо Фабрицио Корона, станала позната по бурниот приватен живот и бројните естетски зафати кои ја нарушиле нејзината природна убавина.


Својата манекенска кариера ја започна во 1996 година, кога го освоила второто место на натпреварот „Elite Look of The Year“. Следеле ангажмани во Милано, а во 1998 година триумфираше на „Elite Look of The Year“. Една година подоцна, таа се појавила во спотот на Рики Мартин за познатиот хит „Livin‘ La Vida Loca“.

Нина Мориќ веќе на 18 години започнала со менување на својот изглед. Двапати била во брак – првиот пат со Фабрицио Корона, со кого во 13-годишниот брак го добиле синот Карлос, додека во 2013 година му кажала „да“ на италијанскиот бизнисмен Масимилијано Доси, од кого се развела по два месеци.





„Ништо не е вечно“. Збогум, љубов моја. Те сакам, моите чувства ќе останат исти. Чувај се, а Нина ќе се грижи за себе“, напишала тогаш на „Твитер“.

Во исповед за италијанските медиуми Нина своевремено говорела за естетските зафати по кои е позната.






„Поранешниот сопруг ми создаде толку комплекси за физичкиот изглед, поради што одлучив да се оперирам“, открила таа, алудирајќи на Фабрицио Корона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг