Сури како бебе била жртва на скиентологијата: Актерката споделила морничава сцена од свадбата на Том Круз и Кејти Холмс

Точка

22/08/2024

23:00

8.771

Големина на фонт

а а а

Додека траела гламурозната прослава во италијанскиот замок, тогаш 7-месечната Сури Круз била многу вознемирена и сама, додека нејзините родители и другите скиентолози се однесувале многу бизарно.

Сури Круз, 18-годишната ќерка на актерите Том Круз и Кејти Холмс, е веројатно најмногу сле дете на славните личности во светот, пред сè поради заладените односи со нејзиниот татко.

Тинејџерката која неодамна се запишала на факултет престанала да го користи презимето на познатиот актер со кој не се видела 11 години и со кој нема никаков однос.


Познато е дека причината се строгите правила на Скиентолошката црква, чиј член е Том Круз – некои дури велат и божество, по кое сите поранешни членови се исклучени од животот. Додека Кејти Холмс ѝ го свртела грбот на Скиентологијата по разводот со Том Круз и ја оддалечила својата ќерка од оваа религија, тоа бил крајот на врската на холивудската суперѕвезда со нејзиното единствено биолошко дете.

Од почетокот на љубовта на Том Круз и Кејти Холмс, која траела од 2005 година, кога почнале да се гледаат, до 2012 година, кога официјално се развеле, Скиентологијата имала големо влијание врз актерката. Се пишувало за тоа како морала да се породи без да испушти ниту еден глас и за многуте бизарни правила кои ги почитувала, а и нивната венчавка, наводно, била придружена со вознемирувачка сцена.


Инцидентот со Сури Круз на свадбата на нејзините родители

Имено, Том Круз и Кејти Холмс се венчале во ноември 2006 година, по една година врска, во италијанскиот замок Орсини Оделскалци. Во тоа време, нивната ќерка имала седум месеци и присуствувала на церемонијата и романтичната прослава, а актерката Леа Римини – со години била скиентолог и во меѓувреме ја напуштила црквата, проговорила за сè што видела во неа – како и тоа дека девојчето непрестајно плачело.

Римини во својата книга „Troublemaker: Surviving Hollywood and Scientology“ напишала дека бебето било вознемирено и целосно игнорирано на прославата пред венчавката. Не само што членовите на семејството и пријателите на парот не ѝ обрнувале внимание, туку не ја тешеле ниту нејзините родители.


Како што напишала актерката, Сури останала да вреска и да плаче на подот во бањата, а наместо нејзиниот татко или мајка да дојдат кај неа, биле испратени три лица да се грижат за неа, меѓу кои и сестрата на Том Круз.

„Наместо мирно да ѝ се обратат, тие повторуваа: ’Сури! Сури!‘, тон кој наликува како кога му велиш на возрасен да ’искулира‘“, напишала Римини, пренел „Radar Online“ и додала дека тие само стоеле и гледале во детето.

Актерката пишува и дека им рекла да го земат детето, да го држат во раце и да ѝ дадат топло млеко за да ја утешат.

Откако таа се вмешала, Кејти Холмс наводно поднела извештај до Скиентолошката црква по венчавката, жалејќи се на однесувањето на Леа Римини. Наведено е дека таа се однесувала „детинесто“ и како „седмоодделенка“, а Леа потоа била испратена во црковен објект во Флорида на „репрограмирање“.


„Во основа се обидоа да ме натераат да се извинам што ја уништив свадбата на векот“, напишала актерката.

Откако ја напушти Скиентологијата и се разведе од Том Круз, Кејти Холмс јавно ѝ се извинила на Леа Римини што ѝ нанела штета.

„Се каам затоа што ја вознемирив Леа Римини во минатото и ѝ посакувам само најдобро во иднина“, навела актерката во официјалното соопштение за медиумите.


За време на гостувањето во емисијата „Good Morning America“, Римини изјавила дека е трогната кога гледа како Кејти Холмс води нормален живот со својата ќерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг