Ако сакате поздрави рецепти за вкусни домашни јадења, подгответе ја оваа проја со тиквички и ќе добиете совршен оброк за појадок.
Без разлика дали ќе ја јадете самостојно или со разни додатоци, пројата на многумина им е омилена на менито, дали како додаток на ручек или појадок, вечера, со кисело млеко, јогурт, некој зеленчук... Во секој случај, со неа нема грешка!
Сепак, многумина се свртуваат кон малку поздрави рецепти за проја, со соодветна замена за белото, пченично брашно. Во таков рецепт како главна состојка можете да користите една универзална летна состојка за разни слатки и солени јадења – тиквички.
За проја од тиквички не ви треба ништо повеќе од неколку состојки, а потоа само треба да почекате да се испече...
- 6 јајца
- 600 грама исцедени и изрендани тиквички (околу 3 тиквички со средна големина)
- 200 грама пченкарно брашно
- 3 лажички сол
- 3 лажици масло
1. Тиквичките изрендајте ги, па добро исцедете ги.
2. Јајцата изматете ги, додајте им сол, па додајте ги ренданите тиквички.
3. Додајте го и брашното и масло.
4. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење.
5. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу еден час (или помалку, во зависност од рерната). Проверете дали пројата е печена со чепкалка за заби; ако излезе чиста, пројата е готова.