„Зборуваше на албански и драмеше, повторно Србите им се криви“: Стјуардеса ги открила можните причини зошто пејачката не ја примиле во авионот

Точка

20/08/2024

21:24

11.494

Големина на фонт

а а а

Пејачката со албанско потекло, Бебе Реџа, во последно време често се наоѓа во центарот на скандали, од моментот кога минатата година завршила со конци откако маж од публиката ја удрил ја погодил со телефон во око. Потоа слична ситуација се случила во јуни оваа година, кога од публиката ја гаѓале откако на концертот покажала двоглав орел.

Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа (34), исто како и Рита Ора, не ги крие своите ставови и отворено ја промовира Голема Албанија, па неодамна го предизвикала повторно гневот на јавноста од овие краишта. За време на нејзината посета на Балканот, таа престојуваше и во Косово и во Македонија, каде ја искористи можноста да го посети гробот на својот дедо. Тогаш се фотографирала и со жителите на Дебар, а снимките и фотографиите ги сподели на „Инстаграм“ со зборови кои сите ги разбеснија.


„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево – сето тоа за мене е мојата Албанија“, напишала во коментар под оригиналната објава, заедно со фотографија од гробот на дедо ѝ.

„Зборував албански, па не ме примија на летот“

Пејачката со години гради кариера во Америка и Велика Британија, а поради природата на работата често патува. Овој пат таа направила вистинска драма така што се снимала како плаче на аеродромот во Минхен, обвинувајќи ги вработените на аеродромот дека не ја пуштале на летот бидејќи им се обратила на албански јазик.

„Ми се закануваа затоа што мислев дека членот на обезбедувањето е Албанец. Му се обратив на албански, прашувајќи го каде да ја земам својата карта и сега ме спречуваат да се качам“, објавила Реџа на видеото, додека солзите течеле една по друга. „Верувам дека ова злосторство потекнува од омраза бидејќи сум Албанка“, продолжила таа.


Ова многу брзо го пренесоа сите светски медиуми, а некои нејзината драма брзо ја поврзаа со Србите. „Некаде слушнав дека личноста со која разговарала е Србин. Затоа не е примена на летот“, напишал некој. Потоа следеа коментарите: „Овде нешто смрди, зошто некој да не биде примен на лет само затоа што зборува одреден јазик?“, „Да, тоа е „вистината“, сета вина на светот ја префрливте на Србите, смешно“, „Ова не е целата приказна, сигурен сум … таа ја кажува својата приказна, гарант доцнела на летот и се расправала и тоа уште на албански среде Германија“, „Од каде ти таа идеја дека некој таму би зборувал албански, не е тоа светски јазик и зошто се снимаш додека плачеш?“.

„Ова не е вистинската причина да одбиете некој да се качи во авион“

За да ја утврдат можната заднина на приказната, српските колеги од „Mondo.rs“ контактирале стјуардеса со долгогодишно работно искуство, која им ги објаснила протоколите, кои се горе-долу слични за сите авиокомпании, кога е во прашање ситуација некому да му е забрането да се качи на авион.

„Слушнав за оваа ситуација и го видов нејзиното видео некаде на мрежите. Прво и основно, угледот на ниту една авиокомпанија нема корист од толку лош однос кон клиентите, знаејќи каква компанија е „Луфтханза“ – да се одбие некој само затоа што некому се обратил на одреден јазик, е невозможно. Патниците имаат тенденција да глумат жртви или да ја обвинуваат компанијата, ако, на пример, доцнат на летот, нивната торба не одговара на пропишаните димензии и не сакаат да доплатат, во багажот носат недозволени предмети и супстанции, не се чекирале навреме, се однесуваат агресивно или се под дејство на недозволени супстанции итн. …


На секоја компанија е во интерес задоволството и добра „customer service“, меѓутоа, доколку доцните, на пример, на лет повеќе од она што може да се толерира, одлуката на капетанот е последна дали ќе сака да направи исклучок и ќе ве почека вас, доколку тоа нема значително да влијае на слотот или времето на полетување и со тоа ги загрози останатите операции на авионот. Во овој случај, не знаеме што точно се случило – дека пејачката му пришла на супервизорот со прашањето каде да го преземе билетот, а потоа се вмешало обезбедувањето, кому му се обратила на албански. И дека поради тоа наводно не ѝ било дозволено да се качи на летот – не пие вода.

Се наоѓала на аеродромот во Минхен, а познато е колку Албанци живеат во Германија, и сигурна сум дека секојдневно циркулираат на аеродромот. „Луфтханза“ не би си дозволила да одбие некој да се качи токму за ваква баналност, а уште помалку вработен за кого не е потврдено потеклото, (иако е ирелевантно кога работи во ваква индустрија) кој поради тоа би можел да остане без работа. Значи, причината за одбивањето на Бебе Реџа да лета треба да се бара во една од наведените причини, кои се строго пропишани и легитимни, а поради кои патниците не ги примаат на лет“.


Дека е склона кон емотивни испади, вели уште една до нејзините објави на „Х“: „Ова не доаѓа само од место на бес. Тоа е тага. Седам во хотелска соба во Лондон и липам. Се чувствував беспомошно многу долго, шетав многу низ овој град и ги запознав фановите и тие разбудија нешто во мене“, напишала таа во јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг