За овој медитерански грав велат дека е сто пати подобар од нашиот: Ниту една состојка не е иста, а вкусот е неверојатен

Кармин

09/08/2024

21:30

10.644

Големина на фонт

а а а

Нема кој не го обожува традиционалното, добро, вкусно гравче. Но, сите сме навикнати на тој еден единствен вкус. Дали можеби сте знаеле дека гравот може да се подготви и на поинаков начин од оној класичниот?

Ви го претставуваме медитеранскиот грав кој несомнено ќе ги собори вистинските гурмани од нога.

Рецептот е многу популарен, а во продолжение прочитајте како гласи.


Состојки

2 супени лажици маслиново масло;

400 гр пилешко филе;

1 кромид ситно сечкан;

3 моркови, ситно сечкани;

3 стапчиња целер, ситно исечени на коцки;

1 лажичка свежа мајчина душица;

1/2 лажичка сушена жалфија;

1 ловоров лист;

400 мл пилешки бујон;

400 гр бел грав;

грст свеж магдонос, сечкан.


Начин на подготовка

За да го направите гравот, прво загрејте го маслото во голема тава, додадете го пилешкото и пропржете го, па извадете го и исечкајте го на парчиња. Во истата тава додајте кромид, морков и целер и пржете додека не омекне (10-15 мин).

Додадете ги мајчината душица, жалфијата, ловоровиот лист и бујонот. Додадете го пилешкото и гравот, поклопете и варете 15-20 минути (можеби ќе треба да додадете малку вода ако е премногу густа). Промешајте го магдоносот и послужете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk