[ФОТО] Жените тврдат дека братот на Алкараз е многу поубав и позгоден од него: Сите се во неверување која е неговата професија и се прашуваат зошто тоа си го прави себеси

Кармин

07/08/2024

15:44

9.527

Големина на фонт

а а а

Братот на Карлос Алкараз е згоден фраер со големо срце и е најголемиот поддржувач на моментално најдобриот тенисер во светот.

Шпанскиот вундеркинд Карлос Алкараз, најмладиот тенисер кој стигна до врвот на АТП листата, потекнува од спортско семејство, но никогаш не бил оптоварен со луксуз. Иако сака убави автомобили и брендирана облека, најсреќните моменти ги имал во стан во Шпанија сместен над ресторан за брза храна.


Откако стана најголемата сензација во светот на тенисот, преку ноќ станаа популарни и неговите имиња. А сите зборуваат за презгодниот брат и мајка која е вистинска дама!

Имено, Алкараз израснал опкружен со големо семејство, но неговите тројца браќа – Алвар, Серхио и Хаиме се неговата најголема поддршка заедно со родителите.

„Во моето семејство мислам дека спортот ни е во крвта. Сите игравме од мали нозе. Моето семејство, моите пријатели се прекрасни личности. За мене тоа е навистина, навистина важно. Како што кажав, јас сум одличен во тенисот поради луѓето што ги имам околу мене“, гордо изјавил Карлос.


Кој е братот на Карлос по кој дамите полудеа?

Најстариот наследник на семејството Алкараз е Алваро, има само 24 години, а веќе е клучна личност во кариерата на својот помлад брат, покрај неговиот татко и чичко.

И Алваро професионално се занимавал со тенис. Тој играл натпреварувачки дубл, според неговиот АТП профил, а неговиот последен бил беше во февруари 2020 година. Оттогаш направил пресврт во кариерата и станал национален тениски тренер.

Од 2022 година е дел од тимот на Карлос и многу често е негов спаринг-партнер.

Тој е со својот помал брат и кога победува и кога губи, а актуелниот најдобар тенисер на светот ја користи секоја прилика да истакне колку му е вредна неговата поддршка.


„Го имам мојот брат. Прекрасно е што е покрај мене и ме поддржува секој ден, ме прави подобар секој ден, учам многу и од него“, изјавил Карлос за Алваро, а тој се надоврзал:

„Моето присуство е од суштинско значење како семејна поддршка, за да се чувствува удобно, како да е дома кога е далеку. Како негов постар брат, мислам дека успеав да му помогнам да напредува на личен план“, изјавил Алваро, кој со насмевка истакнал дека како деца биле како Зипи и Запе, ликови од стрип создадени од Хозе Ескобар во 1940-тите.

Алваро Алкараз открил и дека неговите родители го реновирале нивниот дом во Ел Палмар и сега секој има своја соба, но долги години делеле кревет на кат. Интересно е што нивните разговори биле повеќе за секојдневни теми отколку за тенис.

И двајцата го сакаат фудбалот, но се од различни тимови, Карлос е за Реал Мадрид, а Алваро е за ФК Барселона. Иако прокоментирал дека меѓу нив има вообичаено детско ривалство, тие отсекогаш одржувале одлични односи, а Карлос особено ја истакнал великодушноста на неговиот брат.

Освен тенис, Алваро во минатото играл и фудбал и мал фудбал.


Од една страна, многумина му се восхитуваат што животот најмногу го посветил на кариерата на Карлос, други се прашуваат зошто тој одлучил постојано да биде во негова сенка и што не избрал поинаков пат. Сепак, откако семејството на тенисерот се појавило во јавноста, девојките во Шпанија полуделе по Алваро!

Му пишуваат и му приоѓаат на секој агол, но тој добро крие дали срцето му го украла некоја убавица или не.

Што се однесува до другите двајца браќа на Карлос Алкараз, мора да истакнеме дека најмладиот, Хаиме, е најориентиран да тргне по стапките на Чарли, како што го нарекуваат најблиските, бидејќи веќе некое време учествува на турнири соодветни за неговата возраст.


Што се однесува до Серхио, тој полека го пробива патот во фудбалот и се истакнал во локалниот клуб „Ел Палмар Тим“.

„Кога се враќам дома, се трудам да поминувам време со нив и да се однесувам како постар брат, ги едуцирам и им покажувам што се добри вредности и пред сè сакам во мене да не гледаат како во тенисерот Алкараз, туку како нивен постар брат. Не е лесно бидејќи се во комплицирана возраст, но ние одлично се согласуваме“, изјавил неодамна Алкараз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk