Кокосовото масло - „хитот на летото“, ја негува кожата, косата и не е скапо

Точка

01/08/2024

13:12

8.106

Големина на фонт

а а а

Доколку не сакате пренатрупани козметички торби и во потрага сте по повеќенаменски козметички производ, тогаш кокосовото масло е вистинскиот избор за вас.

Неговата сестраност навистина е воодушевувачка, тој е одличен додаток во готвењето, чистењето и личната нега. Кога станува збор за козметичката употреба, кокосовото масло може да се пронајде во најразлични производи како една од главните состојки, но подеднакво е ефикасен и кога се користи самостојно. Благодарение на своите хидратантни, хранливи и заштитни својства, кокосовото масло е дел од секојдневната рутина за лична нега на многумина поединци.


Ова масло може да се употребува за следните намени:

Хидратација на кожата – кокосовото масло е одлично за хидратација на сувата кожа. Неговата лесна текстура овозможува брзо впивање, правејќи ја кожата мека и мазна. Може да се користи како дневен или ноќен хидратантен лосион за лице и тело. По туширање додека кожата е сè уште влажна, нанесете тенок слој од маслото за да ја задржите влажноста.


Нега на коса – ова масло претставува одличен третман за сува и оштетена коса. Може да се користи како маска пред миење на косата или како „leave in“ третман за врвовите на косата. За длабинска нега, нанесете од кокосовото масло низ должината на целата и оставете да делува најмалку 30 минути пред миење. Резултатот ќе биде сјајна,мека и хидратизирана коса.

Отстранување на шминката – кокосовото масло може да се употребува како природно средство за бришење на шминката. Ставете мала количина масло на лицето и нежно масирајте за да ја истопите шминката. Користете мек пешкир за да ги отстраните остатоците од масло и шминка, а потоа уште една очистете го лицето со гел. Покрај тоа што ја отстранува шминката, кокосовото масло истовремено ја хидрира кожата.


Нега на усните – кокосовото масло е идеално за нега на суви и испукани усни. Неговите хранливи својства помагаат во обновување на нежната кожа на усните. Нанесувајте тенок слој масло на усните, неколку пати дневно или пред спиење за да ги одржите меки и мазни.

Нега на ноктите – кокосовото масло може да помогне во омекнувањето и хидратацијата на сувите нокти. Секојдневно масирајте ги ноктите и кожата околу нив со мало количество масло за да го спречите нивното испукување и лупење. Редовната употреба на ова масло ќе ги направи вашите нокти поцврсти и посјајни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk