Кејт Мидлтон им забранила на децата да ја посетуваат додека била во болница, а причината е срцепарателна: Не сакала да видат една работа која би им оставила трауми засекогаш

Кармин

18/07/2024

22:02

10.730

Големина на фонт

а а а

Приказната за здравствената состојба на Кејт Мидлтон започна на 17 јануари, за јавноста, бидејќи тогаш Кенсингтонската палата објави дека принцезата од Велс имала однапред планирана операција на абдоменот на 16 јануари.

Тогаш беше наведено дека Кејт во болница ќе остане три до четири недели, што загрижи многумина, но и со причина бидејќи непосредно потоа беше откриено дека принцезата боледува од рак.

Кенсингтонската палата болеста на Кејт ја држеше во тајност, подалеку од очите на јавноста, со цел да обезбеди стабилност за нивните деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.


По зборовите на еден од помошниците, Кејт Мидлтон била одлучна да остане искрена со децата и им ја соопштила веста на начин на кој тие можат најбезболно да ја примат.

Сепак, принцезата била специфична кога станувало збор за посета од страна на децата додека лежела во болница.

Последните извештаи на Кејти Никол од „Vanity Fair“ даваат увид зошто Кејт одлучила децата да ги држи подалеку од болницата.


„Таа не сакаше децата да ја видат во пижами додека била поврзана на монитори и цевки“, пишува Никол.

Наместо тоа, таа секојдневно разговарала со нив преку телефон и видео-повици.

Со ова Кејт ги спречила нејзините деца да доживеат траума и засекогаш во сеќавање да им остане тажната слика од нивната мајка како лежи во болнички кревет.


„Работите дома беа толку нормални што Џорџ играше рагби натпревар против друго училиште додека Кејт беше во болница“, изјавил нивен семеен пријател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk