Овие три секојдневни практики се јапонската тајна за долг и среќен живот

Точка

06/07/2024

20:07

8.737

Големина на фонт

а а а

Ако ве интересира долговечноста, сигурно сте слушнале за т.н. „сини зони“, деловите од светот со најголема концентрација на стогодишници. Меѓу сините зони се вбројува и Окинава во Јапонија, место каде жените живеат подолго од жените од сите други области на светот.

„На Окинава има помалку случаи на рак, срцеви заболувања и деменција“, тврди истражувачот за долговечност Ден Бутнер.

Жителите на тој остров кои им пркосат на годините го привлекоа вниманието на Ектор Гарсија и Франсеск Миралјес. Двајцата интервјуирале повеќе од стотина најстари луѓе на Окинава и во нивната книга „Ikigai: The Japanese Secret to a Long and Happy Life“ објавија неколку начела и техники до кои се придржуваат јапонските стогодишници. Меѓу нив се три секојдневни практики за долг и среќен живот.

Занимавајте се со активности со низок интензитет најмалку пет минути дневно

Речиси секој човек со кој разговарале Гарсија и Миралјес рекол дека редовно практикува „радио таисо“. Вежбите го добиле тоа име, што во превод значи радио вежби, бидејќи биле емитувани на радио уште во 1929 година. Тие се емитуваат и денес, секој ден, точно во 6:30 часот, на една од најстарите јапонски радио станици наречена „NHK Radio 1“.

„Дури и жителите на домот за стари лица што го посетивме беа посветени на тоа 5 минути во денот, иако некои ги изведуваа вежбите во инвалидски колички“, напишале авторите во својата книга.

Една од главните цели на „радио таисо“ е да поттикнува единство меѓу учесниците. Вежбите вклучуваат движења кои ги будат умот и мускулите, а може да ги изведува речиси секој. Една од најпознатите „радио таисо“ вежби се состои од кревање на рацете над главата и нивно спуштање во кружни движења.

Пронајдете цел

Постои една јапонска поговорка која вели: „Само ако останете активни ќе сакате да живеете 100 години“. Жителите на Окинава го постигнуваат ова со пронаоѓање на нивните икигаи, или цел, која ги поттикнува да се фокусираат на подлабоката смисла на животот.


Бидете присутни и повремено заборавете на вашите грижи

„Не постои рецепт за пронаоѓање среќа, но клучно е да бидете присутни, да го подобрите фокусот и привремено да заборавите на вашите грижи“, заклучуваат Гарсија и Миралјес во својата книга.



Спонзорирани линкови

Маркетинг