Јапонките се познати како едни од најнегуваните жени во светот: Тие никогаш не се на диета бидејќи следат пет правила

Точка

19/06/2024

14:07

7.778

Големина на фонт

а а а

Заедно со Французинките, Јапонките отсекогаш биле вброени меѓу најубавите и најнегуваните жени во светот. Ако се прашувате која е тајната на нивниот неверојатен изглед, одговорот е прилично едноставен – внимаваат на исхраната и следат пет правила.

Никогаш не го прескокнуваат појадокот

Јапонките знаат колку е важен појадокот и претпочитаат да го јадат набрзо откако ќе се разбудат. Идејата на првиот оброк во денот е разновидноста и збогатеноста со хранливи вредности, а најчесто се служи риба, ориз, омлети, мисо супа, соја, зеленчук и чај.


Јадат полека

Порциите во Јапонија се мали, храната се јаде полека и се земаат мали залаци. На тој начин му се помага на дигестивниот систем во варење на храната.

Јадат разновидна храна

Најпознатото јапонско јадење е сушито, но жителите на таа земја консумираат многу повеќе од суши или риба. Секојдневно јадат супи, зеленчук, соја, ориз, а најчесто пијат само вода и зелен чај.


Зеленчукот секогаш се сече на тенки кришки

Ова е трик кој може да помогне зеленчукот да биде што помалку термички обработен. Тенките кришки прават да не мора долго да се готви зеленчукот за да биде подготвен за јадење, па на тој начин истиот задржува поголемо количество на хранливи материи, за разлика од зеленчукот кој долго се обработува термички. Исто така, зачините ретко се користат во Јапонија и никогаш не се претерува со нив.


Слатките се „забранети“

Десертот е реткост кај Јапонците. Кога истиот се сервира, речиси секогаш е во мали количини. Нема калорични колачи и торти, а нивниот традиционален деликатес е мочи - сладолед од ориз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk