На социјалната мрежа „TikTok“ вирален станал напиток за „внатрешно чистење“, направен од вода, чиа семе и лимон. Оние кои го пробале велат дека е одличен за функцијата на цревата.
Сè започнало кога „TikTok“ корисничката, Кели Баумс, одлучила да испроба пијалак од вода, чиа и лимон кој наводно помага во варењето и ги чисти цревата.
За популарноста на овој пијалак веројатно помага и фактот дека е навистина лесен за правење. Доволно е да се стави вода во чашата, да се додадат две лажици чиа семе и да се остави да отстои 5 минути за семките да добијат гел-текстура. На крајот, додадете сок од лимон.
Кога чиа семињата ќе ги ставите во вода, тие ја впиваат течноста. Нивниот капацитет на апсорпција е толку импресивен, што чиа семињата можат да станат 12 пати поголеми од нивната оригинална големина кога се натопени.
Конечниот резултат е желатинозна смеса со благо џвакачка текстура.
Колку во меѓувреме овој пијалак стана популарен најдобро говори податокот дека видеото собрало 3 милиони прегледи, а тој број сè уште расте.
Повеќето корисници идејата да го пробаат овој еликсир ја добиле од познатиот нутриционист д-р Дерил Џофри, кој рекол дека овој пијалак е како „туш за цревата“. Во неговата верзија за подготовка на овој пијалак, на крајот можете да додадете и прстофат хималајска сол.
„Семињата се богати со растителни влакна и кога се натопени во вода се претвораат во гел кој е лесно сварлив, а исто така можат да помогнат во подмачкување и хидратација на слузницата на цревата и на тој начин да помогнат храната полесно да се движи“, објаснил д-р Џофри.
Тој тврди дека овој пијалак најдобро се пие на празен стомак, односно најмалку 30 минути пред јадење или барем 90 минути по последниот оброк.
Чиа семето има многу здравствени придобивки поткрепени со истражувања, па затоа може да биде одличен додаток во вашата исхрана.
• Тие се добар извор на влакна, протеини, незаситени масти и антиоксиданти. Исто така, содржат неколку важни микронутриенти, меѓу кои: калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и витамини од групата Б.
• Можат да помогнат во намалување на високиот крвен притисок.
• Можат да помогнат во намалување на воспалението – антиоксидантно соединение во чиа семето наречено хлорогена киселина може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок.
• Можат да помогнат во намалување на воспалението – антиоксиданс во чиа семето наречен кофеинска киселина може да има антиинфламаторно дејство.
• Придобивки за здравјето на срцето – Чиа семето е богато со влакна и содржат омега – 3 масна киселина наречена алфа – линоленска киселина (АЛА), која може да биде корисна за здравјето на вашето срце.
• Поддршка на здравјето на коските – алфа-линоленска киселина, исто така, може да игра улога во одржувањето на силни, здрави коски.
• Контрола на нивото на шеќер во крвта – постојат извесни истражувања кои покажуваат дека чиа семето може да помогне во одржувањето на здравото управување со шеќерот во крвта.
• Потенцијални придобивки за кожата – Масните киселини во чиа семето можат да помогнат да се смири иритираната кожа, а пиењето вода може да ја поддржи хидратацијата на кожата.
Главната причина зошто чиа семето го привлекува сè повеќе вниманието како помош при слабеење е неговата способност да поттикнува чувство на ситост, што се должи на неговиот неверојатен капацитет за апсорпција.
И не само што ја впиваат водата во вашата чаша. Откако ќе ја испиете водата од чиа семето, мокрите семиња ќе продолжат да се шират во вашиот стомак, апсорбирајќи вода и гастрични сокови.
Освен тоа, растворливите влакна во чиа семето помагаат во забавување на варењето на семето, одржувајќи ве сити подолго време.
Тоа зазема простор во стомакот и помага во намалување на апетитот. Како резултат на тоа, ефектот на водата од семето чиа може да го спречи гладот и да го намали вкупниот внес на енергија, што доведува до губење на тежината.
Значи, чиа семето е многу впивачко и богато со влакна. Тоа ви помага да се чувствувате сити и може да спречи прејадување, што може да ги одржи целите за губење тежина.