Фенг шуи совети: Внесете го овој предмет во домот и привлечете љубов, среќа и богатство

Кармин

27/05/2024

15:46

8.621

Големина на фонт

а а а

Експертите за фенг шуи советуваат дека секој дом треба да го има овој предмет.

Милиони луѓе ширум светот веруваат во правилата на фенг шуи, а голем дел од нив ги искусилe благодатите од правилата за распоредување на предмети.

Според ова верување, фигурата на слонче е симбол за среќа и успех. Луѓето кои ќе ја внесат оваа фигура во домот ќе доживеат голем успех на сите полиња, а доказ за тоа е и девојката со име Марија која споделила дека животот ѝ се сменил од корен кога својот дом го опремила со овој предмет.


„Во мојот живот сѐ започна да цвета од тој момент“, изјавила таа.

Еве каде фигурата на слон треба да биде поставена

Слонот во близина на влезната врата привлекува среќа и моќ кај семејството, додека слонот поставен во дворот ја штити куќата од негативни влијанија однадвор.

Фигурата поставена во спалната соба претставува љубов меѓу двајцата партнери и го чува бракот, додека фигурата на мајката на слон со мали слончиња го чува добриот однос на родителите и децата.


Паровите кои сакаат бебе треба да го стават слончето во спалната соба, но и во детската за креативност и знаење.

За да привлечете пари и успех оваа фигура поставете ја во северниот дел од куќата. Слонот со крената сурла значи успех, а со спуштена долговечност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk