„Некој нека ѝ каже дека е време да престане“: Славната пејачка секој месец е сè послаба, последното видео ги загрижи фановите

Кармин

23/05/2024

11:50

30.675

Големина на фонт

а а а

Кристина Агилера, еден од најдобрите светски вокали, во последната година изгуби над 20 килограми. Меѓутоа, нејзината нагла и драстична промена веднаш предизвика сомнеж, поточно, дека поп-ѕвездата е зависник од Оземпик.

Агилера во последните 6 месеци станува сè послаба и послаба. Иако тврди дека причината за нејзиното слабеење се режимот на исхрана и начинот на живот, поради општото „лудило“ по Оземпик во Холивуд, ретко кој ѝ верува.

Кристина неодамна одржала концерт во Мексико и повторно ги изненади фановите со драстичната трансформација. Пејачката е видно ослабена во однос на претходниот месец.


Видеото од концертот стана интернет сензација, а фановите шпекулираат дека 43-годишната пејачка мора под итно да се оттргне од Оземпик, што е инаку лек за дијабетес кој стана популарен метод за слабеење кај познатите личности.

„Некој нека ѝ каже дека е време да престане“, „Од неа остана само глава. Ќе умре ако уште повеќе ослабне“, „Изгледа како и секоја друга личност што зема Оземпик и ова воопшто не е добро“, се само некои од коментарите.


Кристина Агилера тврди дека „виножито“ диетата е заслужна за нејзиното слабеење

Агилера доживеа скок во тежината во 2008 година откако го роди синот Макс. Две години подоцна таа ослабе за улогата во филмот „Burlesque“. Меѓутоа, истата година нејзината тежина повторно осцилираше за време на нејзиниот развод со Џордан Братман. Музичката ѕвезда ја има и ќерката Самер (9) со долгогодишниот вереник Метју Ратлер.

По раѓањето на синот почнала да се придржува до следниот режим: консумирала 1.600 калории дневно и ја следела т.н. „виножито диета“.


Пред три години таа изјави за „L'Officiel Italia“ дека се откажала од таа диета и се свртела кон здравата исхрана. Наместо да биде рестриктивна, Агилера изјави дека се труди да консумира повеќе интегрална храна и помалку слатки и грицки. Таа тврди дека вежба посветено, но и ужива во јога, бокс, тренинзи за сила и кардио вежби. Тренира два до пет пати неделно, пишува „In Touch Weekly“.

Кристина исто така тренирала со славниот фитнес тренер Ти Сорж, па во својот тренинг вклучила и вежби со тегови со цел што повеќе да согорува калории и да ги одржи облините.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk