Јапонците претставија лажица со која залаците ќе бидат – поздрави

Точка

20/05/2024

19:49

9.444

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот производител на пијалаци "Kirin Holdings" лансира електрифицирана лажица за која научниците тврдат дека промовира поздрава исхрана со подобрување на убавите вкусови без додавање сол. Лансирањето на производот во понеделник е првата комерцијализација на технологијата што ја доби минатогодишната "Ig" Нобелова награда за необична наука.

"Kirin" ќе продаде само 200 електрични лажици онлајн за цена од околу 117 евра и ограничена количина во јапонска продавница во јуни, но на крајот се надева дека ќе продаде еден милион примероци ширум светот за пет години. Продажбата во странство ќе започне следната година.

Лажицата изработена од метал и пластика е развиена во соработка со професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеи Мијашита, кој претходно покажа како електричните стапчиња за јадење ги подобруваат вкусовите, во овој случај впечатокот на соленоста.


"Kirin", компанија која се обидува да влезе во полето на здравјето од продажба на пијалаци, тврди дека оваа технологија е особено важна за Јапонија бидејќи таму возрасен човек во просек консумира 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препорачаното од Светска здравствена организација.

Прекумерното консумирање сол е поврзано со висок крвен притисок, мозочни удари и други болести.

Јапонија има кујна која ги фаворизира солените вкусови, рече истражувачката на "Kirin", Аи Сато.


“Јапонците како целина треба да го намалат внесот на сол, но може да биде тешко да ги напуштиме нашите навики во исхраната. Тоа не натера да ја развиеме оваа електрична лажица“, изјавила таа.

Лажичката тежи околу 60 грама и работи на литиумска батерија што се полни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг