Употребата на растенија и зачини во исхраната може значително да влијае на вкусот на храната, но и да помогне да се внесат различни хранливи материи во организмот. Иако одредени зачини и билки се попопуларни од другите, многумина ќе се согласат дека рузмаринот е на самиот врв на популарноста.
Диететичарите го издвоија ова растение како најдобро за употреба во исхраната на луѓето кои имаат проблеми со висок холестерол. Причината поради која истакнуваат е дека рузмаринот е богат со антиоксиданси. Совршено може да се користи во комбинација со маслиново масло, но и со други намирници кои се дел од медитеранската исхрана.
Диететичарот Џордан Хил истакнува дека „рузмаринот е богат со антиоксиданси кои се борат против воспаленијата и оксидативниот стрес во телото, што на крајот помага да се спречи штетната оксидација на лошиот или ЛДЛ холестеролот“.
Постара студија, објавена во „Int J Clin Med.“, покажа дека рузмаринот влијае на нивото на гликоза и холестерол во крвта. Како што е соопштено од „Eating Well“, 48 учесници учествувале во студијата и земале два, пет или десет грама мелен рузмарин дневно во текот на четири недели. Пред и на крајот на студијата на учесниците им биле направени тестови на крвта, а резултатите покажале дека учесниците кои земале најголема доза (десет грама во текот на четири недели) имале значително пониско ниво на лош холестерол.
Медитеранската исхрана се смета за најдобра и најздрава во светот, а рузмаринот е често застапен во медитеранското мени. Овој тип на исхрана е богат со овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, семки, масна риба, екстра девствено маслиново масло и ограничена количина на додадени шеќери и заситени масти.
Јадењата во медитеранската исхрана се збогатени со зачини како рузмарин, оригано, босилек, цимет, ѓумбир и други зачини кои се поврзани со различни здравствени придобивки.
Луѓето кои имаат висок холестерол треба да внимаваат на внесот на заситени масти од полномасно млеко, путер, павлака, пржена храна, сувомеснати производи и високомасно црвено месо. Меѓутоа, ако изберете да јадете црвено месо повремено, можете да го намалите внесот на заситени масти со маринирање на месото со билки меѓу кои и рузмаринот.
Нутриционистот и диететичар Сара Хас истакнува дека особено е добро да се користи рузмарин при маринирање на говедско месо. „Тоа е затоа што соединенијата во рузмаринот помагаат да се спречи формирањето на хетероциклични амини (канцерогени соединенија) кои можат да се формираат на месото за време на печењето на скара“, тврди Хас.