Психотерапевт советува: Ако ги практикувате овие три навики, вие сте одлични родители

Кармин

10/05/2024

10:40

5.266

Големина на фонт

а а а

Родителството е неверојатно, но исто така може да биде збунувачки и фрустрирачки. Сепак, три суштински концепти поврзани со емоционалната интелигенција можат да им помогнат на родителите да ги надминат проблемите со кои се соочуваат, потенцира терапевтот Ерин Леонард.

"Прво, родителите кои го коригираат однесувањето на децата наместо нивните чувства се на вистинскиот пат. Второ, родителите кои слушаат за да ги разберат, а не само за да им возвратат на децата или да ги искараат, можат да бидат луѓето со кои децата всушност ќе сакаат да разговараат. Трето, приврзани родители кои знаат да одвојат момент за саморефлексија, можат да имаат и самите прилика да се развиваат и да напредуваат како личност“, објасни Леонард за „Psychology Today“. Таа тврди дека овие се три знаци кои укажуваат на тоа дека родителите се емотивно интелигентни.


Често родителите не сакаат нивните деца да се чувствуваат лути, разочарани, фрустрирани или повредени. Сепак, доживувањето на овие емоции е неизбежно во животот.

Мајките и татковците кои размислуваат за повратните информации на нивните деца можат да станат подобри родители

Примарно, важно е родителите да го почитуваат она што децата го чувствуваат, бидејќи тоа може да им помогне на децата да ги препознаат и да ги артикулираат своите емоции. Оваа свест е основа на емоционалната регулација, тврди терапевтката. Потоа, поправањето на лошото однесување им помага на децата да разберат дека чувствата се во ред, но негативното однесување не е.


„Децата кои се чувствуваат разбрани имаат поголема веројатност да ги приспособат негативните однесувања“, вели Леонард.

Второ, родителите кои слушаат за да разберат наместо само за да одговорат, имаат тенденција да одржуваат блискост со своите деца. "Ова е од клучно значење бидејќи родителите избегнуваат веднаш да им ги наметнуваат своите решенија на децата и наместо тоа го држат разговорот фокусиран на нивните чувства. Децата кои имаат простор да го кажат своето мислење, имаат поголема веројатност да споделат проблеми со своите родители", тврди психологот.

Трето, родителите кои повремено размислуваат за повратните информации од нивните деца можат да добијат увид за нивните чувства и размислувања и да го искористат за да станат подобри родители. „Ова ја моделира интроспекцијата и самосвесноста. Ова може да има позитивен ефект врз децата и да придонесе за развој на одговорноста“, заклучила Леонард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk