Анџелина Џоли ова никогаш не му го простила на својот роден татко: Едно предавство ја запечатило судбината – поради тоа не зборуваат со години

Кармин

20/05/2024

15:46

5.703

Големина на фонт

а а а

Славниот актер Џон Војт патот го однел до годинешниот фестивал во Кан. Причината е улогата во новиот филм на Френсис Форд Копола „Megalopolis“.

Присуствувал на дневните промоции и свечената премиера. Каде и да се појави, тука е и приказната за неговиот однос со ќерката, актерката Анџелина Џоли, со која не зборува со години.


Анџелина Џоли и нејзиниот татко Џон Војт, кој предизвикал голем интерес на Канскиот филмски фестивал во 2024 година, имаат многу комплициран однос, исполнет со пресврти.


Се одбегнувале, за подоцна да се смират, па на крај воопшто со години да не разговараат. Многумина одговорот на тоа го наоѓаат во бракот на нејзините родители.

Актерката и нејзиниот татко се смириле во 2001 година за време на снимањето на филмот „Lara Croft: Tomb Raider“, во кој таа ја игра главната улога. Сепак, таа во 2002 година за „Vogue“ изјавила: „Всушност, ние повеќе не разговараме“. На оваа комплицирана ситуација влијаел и фактот што Џон Војт ја изневерувал Маршелин Бертранд, познатата актерка и мајка на Анџелина Џоли. Ситуацијата се влошила откако родителите на Џоли се развеле.


Војт и Бертранд се венчале во 1971 година и го добиле своето второ дете, ќерката Анџелина Џоли Војт, во 1975 година. Се разделиле неколку години подоцна, а официјално се развеле во 1980 година. „Имав афера и тоа доведе до развод. Имаше многу болка и гнев“, зборувал актерот своевремено.


Анџелина и нејзиниот брат Џејмс Хевен ги одгледала нивната мајка, а Војт повремено се појавувал во животот на неговите деца, носејќи ги на филмски премиери и јавни настани.


Во 2020 година Џоли напишала авторски текст за „The New York Times“ за Денот на мајката, која починала во јануари 2007 година по долга борба со рак на јајници. Анџелина Џоли со многу емоции зборови за мајка си, нагласувајќи дека таа била најдобриот родител на светот.

Џон Војт и неговата ќерка Анџелина се зближиле повторно во 2017 година по нејзината разделба со Бред Пит, што во 2010 година придонело за нивните краткотрајни добри односи.


Актерот зборувал дека неговиот развод од Маршелин бил една од причините за психичките проблеми на неговата наследничка по разводот со Били Боб Тортон во 2003 година.

„Ја сакам Енџи, таа е моја ќерка“, изјавил актерот пред шест месеци на аеродромот во Лос Анџелес додека потпишувал автограми на своите обожаватели. Војт е во добри односи со својот син.


За потсетување „Канскиот филмски фестивал“ започна на 14 мај и ќе трае до 25 мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk