[ФОТО] Сопругата на Џастин Бибер бремена – на спектакуларен начин ги објавија среќните вести на Инстаграм

Кармин

10/05/2024

09:17

3.241

Големина на фонт

а а а

Манекенката Хејли Бибер и пејачот Џастин Бибер го очекуваат нивното прво дете. Славната 27-годишна манекенка среќните вести ги споделила на социјалната мрежа Инстаграм и тоа на прилично спектакуларен начин.

Имено, Хејли Бибер објавила видео на кое се гледа нејзиното трудничко стомаче додека во венчаница од бела чипка го обновува брачниот завет со својот сопруг.

Видеото прикажува компилација од романтични моменти од интимната церемонија во природа на кое бремената Хејли и славниот пејач повторно го изговараат најважното „да“ во животот.

Таа носи едноставна, прекрасна венчаница во винтиџ стил и бидермаер од полско цвеќе, додека Џастин е облечен полежерно, носи широки панталони, капа и крзнена јакна.

Покрај видеото, парот објавил и низа фотографиии, вклучувајќи ги и оние на кои Бибер ја фотографира бремената Хејли.


Да ве потсетиме, Џастин и убавата манекенка се во брак од 2018 година, а претходно зборувале за желбата да го прошират семејството, но Хејли ја истакнала својата загриженост за одгледувањето деца пред светлото на рефлекторите.

„Толку многу сакам деца, но се плашам. Доволно е што луѓето зборуваат разни работи за мојот сопруг или моите пријатели. Не можам да замислам дека ќе морам да се соочам со луѓето кои говорат некои работи за моето дете. Можеме само да го дадеме најдоброто од себе додека ги растеме и да ги учиме да се чувствуваат безбедно и сакано“, изјавила таа во мај годинава.


Објавата за бременоста за кратко време добила многу допаѓања, а семејството Бибер добило многу честитки од обожавателите, колегите и пријателите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk