Стилистите согласни: Ова е најмодерната боја за гардероба во 2024 година – чист луксуз и елеганција во едно

Кармин

18/04/2024

19:13

8.001

Големина на фонт

а а а

Според стилистите, оваа нијанса на боја е најголем тренд годинава. Заблескајте во текот на пролетта и летото во ненадминливата нијанса боја на луксузот.

Беж бојата беше и остана нијанса која е поврзана со елеганцијата и скапиот изглед, но годинава таа улога ја презема нова, многу посвежа боја.

После сезоната на богати и раскошни тонови, пролетва и летово пристигнува свежа палета на бои која го одржува расположението на сончевите денови, порачуваат стилистите.


Станува збор за светло сината нијанса на боја, многу специфична која успева да донесе луксуз, чистота и свежина во естетиката.

Таа за кратко време станала омилена во модните кругови, а често се појавила и во модната индустрија. Откако била забележана во текот на дизајнерските колекции и ревии, оваа романтично сина боја го презела тронот.

Поради тоа што е сезона за венчавки, таа е идеална боја за избор на гостите, но и за фустан за деверуши. Иако од прва може да се чини дека тешко може да се искомбинира, сепак оваа шик нијанса одлично одговара со белата, беж, портокалова, па дури и впечатливо црвена боја.

Светло синиот фустан може да ви даде можност да изгледате елегантно и привлечно, без премногу труд, идеално се вклопува со црни, бели, сребрени сандали.


Сините пругави кошули веќе одредено време се во тренд, без оглед на тоновите. Особено оваа нијанса во комбинација со посветли тонови е идеална.

Дефиницијата на елеганцијата е бледосино одело. Ќе може да го носите со години, па инвестирајте во квалитетни модни парчиња. Доколку не можете да пронајдете комплетно одело, обидете се да комбинирате сако и панталони со слични нијанси на бои.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk