Пред 3 месеци ја роди својата втора ќерка, а сега го покажа најреалниот изглед на една жена: Не го крие вишокот на стомакот и секоја чест за тоа

Кармин

18/04/2024

11:32

4.399

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка се породи на почетокот на јануари годинава - таа ја доби втората ќерка и прво дете со партнерот Оли Грин, со кој ужива деновиве на Костарика.

Сиена Милер го покажа својот постпородилен изглед во виолетов костим за капење. Многу реален изглед на жена - прекрасен изглед.

Сиена која никогаш немала проблем со вишокот килограми и сега е исклучително витка. Но, и да беше поинаку, немаше да има ништо „страшно“ во тоа. Единствено што се забележува кај неа е вишокот на стомакот, кој воопшто не го крие, а и не би требало.


Вака изгледа жена „од крв и месо“ која не се крие од папараците и не брза да објави „совршена фотографија“ на Инстаграм како некое „достигнување“ како што прават многу други кои не сакаат да се спротивстават на тој тренд.

„Бев многу среќна, не се обидував да останам бремена. Ова се случи како целосно изненадување и биолошки беше нешто што можев да го направам“, изјави претходно Сиена Милер (42) за „Vogue“, истакнувајќи дека втората бременост била непланирана, но дека била психички повеќе подготвена за тоа отколку првиот пат.


„Би сакала да дојдам до онаа точка во која не би чувствувала потреба да се шегувам поради тоа што сум постара,а што ќе родам бебе“, напоменала Милер и открила дека имала одредени предрасуди кон жените кои раѓаат во позрели години.

Актерката од врската со актерот Том Стариџ (38) ја има ќерката Марлоу. Таа имаше бурна врска со актерот Џад Лоу. Од 2011 година е во врска со 15 години помладиот Оли Грин:

„Можам да замислам дека за некого разликата во години може да биде комплицирана, но немаше ништо друго освен љубов и радост. Не можете да му наредувате на срцето, јас сигурно не го можев тоа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk