Убавата манекенка ќе стане мајка: Очекува дете со познатиот Јутјубер, веста ја соопштија на емотивен начин

Точка

17/04/2024

17:22

3.343

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Нина Агдал и познатиот Јутјубер Логан Пол ќе станат родители. Убавата вест манекенката ја соопшти на Инстаграм, објавувајќи заедничка фотографија на која тој ги покажува снимките од ултразвукот.

Познатиот пар доби голем број честитки. За потсетување, Агдал и Пол се во врска од 2022 година, а се верија во јули 2023 година. „Наесен доаѓа уште еден Пол“, стои во објавата.

„Едноставно сме совршени заедно. Се согласуваме, многу нѝ е забавно, се слушаме еден со друг, ја разбирам. Мислам дека е неверојатна. Таа е една од најневеројатните луѓе што некогаш сум ги запознал“, изјави Јутјуберот во една прилика.

Тој неодамна откри и што го привлекува кај партнерката, односно кои особини треба да ги има личноста што ја бара за себе: „Памет, самодоверба, интелигенција, емпатија, самосвесност, да биде активен слушател, сексуално девијантна...“. Со ова последното Логан ги заинтригира сите.

Нина Агдал претходно беше во врска со синот на Кристи Бринкли, Џек. Парот често заедно ги следеше натпреварите на Новак Ѓоковиќ за кого славната Кристи често навива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг