Била на врвот на славата кога тетката на најдобрата пријателка ѝ пукала во грбот: Важела за икона на убавината, а завршила трагично

Точка

17/04/2024

13:15

7.973

Големина на фонт

а а а

Мексиканската Мадона … Така ја нарекувале американско-мексиканската пејачка Селена Китанила – Перез, на која уште од мали нозе ѝ велеле дека ќе постигне нешто големо. На само осумгодишна возраст го имала својот прв концерт, а поради многубројните настапи не посетувала средно училиште, туку тоа го „решавала патем“.

На 18-годишна возраст го издала својот деби албум „Selena“ и станал хит, а издала уште 4 и до 23-тата година веќе била на врвот на славата.


Таа одлично се снаоѓала и на приватно поле, па во 1992 година се омажила за гитаристот Крис Перез, кој свирел во нејзиниот бенд. Освен што заработувал од музика и моделинг, таа почнала да дизајнира облека и отворила бутици со сопствена линија на облека. Ѝ велеле дека е икона на убавината, а потоа нејзиниот живот трагично згаснал. Вчера, Селена би наполнила 53 години, да не била нејзината „пријателка“ Јоланда Салдивар.


Станува збор за тетка на една од пријателките на Селена, која ја вработила како менаџерка во бутик и оттука започнале проблемите.

Вработените ја предупредиле Селена и нејзиниот татко Абрахам дека Јоланда е проблематична. Селена слепо ѝ верувала, а подоцна и унапредила. Таа станала претседателка на фан клубот на Селена. Во 1995 година, обожавателите му се јавиле на таткото на Селена и се пожалиле дека не добиле ништо иако уплатиле за членството. Абрахам истражувал и дознал дека Јоланда краде од неговата ќерка.


Дури тогаш Селена поверувала на вработените и се соочила со Јоланда во мотелот. Тие се расправале за финансиите, а Јоланда извадила пиштол од чантата и ја застрелала Селена во грб додека таа излегувала од собата. Селена успеала да дојде до рецепцијата и кажала дека Јоланда пукала во неа, но иако Итната помош во градот Корпус Кристи во Тексас за кратко време пристигнала на местото на злосторот, пејачката не ја преживеала операцијата во болницата и починала час и половина откако била застрелана од Јоланда.


Околу 30.000 луѓе присуствувале на погребот на пејачката, а Џорџ Буш го прогласил 16 април за Ден на Селена. Инаку, тоа е и денот на нејзиниот роденден.

Неколку месеци по пукањето, на 15 октомври 1995 година, на Јоланда ѝ се суди за убиство, иако таа и нејзиниот адвокат тврделе дека станува збор за несреќен случај и дека имала намера да изврши самоубиство, а не убиство. Таа моментално ја отслужува казната во затвор во Тексас, а ќе има право на условна следната година во 2025 година, кога ќе се навршат 30 години од убиството.


За животот на Селена била снимена и серија на „Netflix“ која излегла во 2020 година, а ја портретирала актерката од серијата „Walking Dead“, Кристијан Сератос.


Инаку, за Селена во 1997 година е снимен и филм во кој главната улога ја имала Џенифер Лопез.




Спонзорирани линкови

Маркетинг