[АУДИО] Ленон-Макартни, синовите на „Битлси“ ја објавија песната „Primrose Hill“

Точка

16/04/2024

14:23

2.305

Големина на фонт

а а а

Дуото Ленон-Макартни, синовите на Џон Ленон и Пол Макартни ги здружија силите, објавувајќи ја новата песна „Primrose Hill“.

Кантавторското дуо Ленон-Мекартни го сочинуваат Шон Оно Ленон и Џејмс Макартни, синовите на Џон Ленон и Пол Макартни од „Битлси“.

„Primrose Hill“, објавена како сингл од страна на Макартни, ја означува првата соработка со неговиот добар пријател Ленон, кој бил косценарист на песната.


„Имав визија како дете во Шкотска, еден убав летен ден“, зборувал Макартни за песната.

„Отпуштајќи ги минатите искуства, во мојот ум ја видов мојата вистинска љубов и спасител. „Primrose Hill“ говори за пронаоѓањето на оваа личност.“

„Primrose Hill“ е втората нова песна која Џејмс Макартни ја објавил од 2016 година. Во февруари, тој го презентирал повратниот сингл наречен „Beautiful“.

Што се однесува до Ленон, тој неодамна го издал својот нов соло албум насловен „Asterisms“. Исто така, тој освоил и „Оскар“ за најдобар краток анимиран филм како извршен продуцент на филмот „War Is Over!“, кој е бил инспириран од музиката на неговата мајка и татко.


Во вестите за „Битлси“, планирани биле четири биографски филмови, по еден за секој член од групата. Минатата година „Битлси“ со помош на AI ја снимиле песната „Now and Then“ – песна напишана од Џон Ленон во 1977 година и снимена како демо песна. Пол Макартни додал повеќе стихови во песната, а гласот на Ленон бил додаден со методот на аудио реставрација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг