Три пролетни парфеми кои се чисто совршенство – мирисаат на раскош и луксуз и никого не оставаат рамнодушен

Кармин

16/04/2024

11:22

6.063

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе ви ги пренесеме трите најдобри пролетни парфеми кои мирисаат на чист луксуз.

Парфемите претставуваат личен печат на секоја жена, а интересно е тоа што истиот парфем на повеќе дами може да мириса целосно поразлично.

Ви пренесуваме три популарни пролетни парфеми кои никого не оставаат рамнодушен.

„Miss Dior“


Новата верзија на овој парфем има призвук на овошни ноти и е совршена иновација во култните класици. На овој парфем не можат да му одолеат ни мажите, ни жените.

„Gucci Bloom Acqua Di Fiori“


Овој парфем има ноти од растенија од Азија, потоа рибизла, бергамот и лимон. Во срцето на овој префинет, гламурозен, неодолив и допадлив парфем е јасминот, додека пак основата на парфемот се состои од мошус.

„Jimmy Choo - Floral“


Доколку повеќе сакате суптилни мириси, тогаш новост од „Jimmy Choo“ е тоа што ќе ве маѓепса со своите мирисни ноти. Цветните ноти на манголија и бергамот со акцент на нектарини ја прават мирисната композиција суптилно допадлива за секој елегантен стајлинг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk