30 часа се криел од полиција во шахта: Кажал дека завршил долу поради мобилниот телефон, а зад се стои друга причина

Точка

15/04/2024

18:34

3.303

Големина на фонт

а а а

Неверојатна ситуација во Австралија. Пожарникарите во понеделникот ослободиле 38-годишен маж откако повеќе од 30 часа минал во мрежа од подземни цевки во Бризбејн, пренесува „BBC“.

Причина? Мажот, кој учествувал во две сообраќајни несреќи, ден порано влегол во канализацијата за да се скрие од полицијата.

Минувачот Џејмс Лингвуд ја известил полицијата во понеделникот дека во канализација има заглавен маж во австралискиот град Бризбејн.


Бил заробен во подземниот систем од цевки повеќе од 30 часа и бил во вода до колена кога пожарникарите ја отстраниле плочата за да може да излезе. Бегалецот се здобил со неколку гребнатини и на крајот бил лекуван од хипотермија.

Човекот првобитно на властите им рекол дека отишол во канализацијата за да го пронајде својот мобилен телефон, но полицијата од Квисленд открила сосема друга приказна.


Тој всушност таму се криел за да побегне од полицијата откако во неделата предизвикал две сообраќајни несреќи. Најпрво со автомобилот удрил во полициско возило, а потоа и во друг автомобил, нанесувајќи му полесни повреди на возачот.

Потоа осомничениот наводно излегол од својот автомобил и заминал од самото место пред да се скрие во канализацијата.


Џејмс Лингвуд за „Courier Mail“ рекол дека прв пат разговарал со човекот во неделата откако слушнал глас кој доаѓа од одводот.

„Изгледаше дека е добро и кажа дека може да излезе од каде што влегол, па го оставив на мир“, рекол тој.

Но, во понеделникот, кога се вратил на истата локација, одлучил да преземе нешто откако повторно го слушнал човекот на истото место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг