[ФОТО] Најубавите близначки на светот заработиле 5 милиони долари: Еве како изгледаат денес, сите се маѓепсани од нивните очи

Кармин

15/04/2024

18:22

14.170

Големина на фонт

а а а

Американката Стефани Бојд на 6-ти јуни 2011 година ги донесе близначките Меган и Морган на свет, а веднаш по раѓањето било јасно дека девојчињата се издвојуваат од останатите. Тие имале впечатливи сини очи, кои биле во контраст со нивната црна коса и темна боја на кожа, давајќи им многу впечатлив изглед.

За нештата да бидат уште поневообичаени, едната од нив е родена со хетерохромија, состојба која подразбира различни бои на очите - едното око ѝ е сино, а другото темнокафеаво.

Стефани за првпат споделила фотографии од своите ќерки на Инстаграм во 2015 година, а близначките веднаш станаа интернет сензација! Таа им го дала прекарот „Trueblue Twins“ кој останал до ден-денес и по кој се препознатливи, а всушност истиот станал своевиден бренд.

Убавите сестри набрзо станаа многу популарни низ Америка, па дури и во светот, а на рана возраст ја започнаа својата манекенска кариера и градење на имиџот на социјалните мрежи. Наскоро тие беа прогласени за најубави близначки на светот, рамо до рамо со близначките Клементс, кои се и попознати од нив.

Меган и Морган во јуни оваа година ќе наполнат 13 години и веќе прераснале во прекрасни тинејџерки кои сè уште привлекуваат внимание со својот необичен изглед. Популарни се на сите социјални платформи, а освен на Инстаграм, ставиле акцент и на ТикТок. Колку сестрите се популарни, можеби и најдобро сведочи тоа што имаат заработено околу 5 милиони долари, иако со години се оддалечени од полнолетството.

Како што е случајот со повеќето детски ѕвезди, родителите на овие мали убавици биле критикувани дека ги „експлоатираат нивните деца“. Од друга страна, Стефани и Лоуел, нивните мајка и татко, тврдат дека девојчињата уживаат во детството и славата и живеат и си играат како и сите други деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk