Атрактивната пејачка не сака ни да помисли да ја пее оваа песна: Сѐ поради нејзиниот поранешен сопруг којшто ѝ приредил вистински пекол

Точка

15/04/2024

13:00

2.354

Големина на фонт

а а а

Пејачката Гвен Стефани признава дека понекогаш поради сопствената музика ѝ се повраќа.

Во едно интервју Гвен признала дека не може да слуша многу песни од својот бенд „No Doubt“.

Стефани објаснила: „Тоа е како да сакаш и постојано слушаш за грешките кои си ги направил. Поголем дел од песните се за тоа“.

Меѓутоа, една песна особено предизвикува реакции кај пејачката, а тоа е хитот на „No Doubt“ од 2000 година „Ex-Girlfriend“.


Песната била напишана за нејзиното тогашно момче Гавин Росдејл (фронтмен на групата „Bush“), а во песната се повторува: „Отсекогаш знаев дека ќе завршам како твојата поранешна девојка“. Текстот сега делува прилично потресно поради тоа што Стефани и Росдејл се венчале во 2002 година, но се развеле во 2015 година.

Стефани за песната вели: „Кога треба да пеам ‘поранешна девојка’, тоа ме враќа толку назад, претешко е“.

Пејачката со Гавин има три деца, имале складен брак, сѐ додека парот не бил во центар на внимание на јавноста кога се дознало дека Гавин ја изневерува Гвен три години со дадилката Минди Мен, па дури и тогаш кога била бремена со нивното најмладо дете.

Стефани била скршена кога дознала за аферата на својот сопруг, после што ги нашла разголените фотографии, но и безобразните пораки кои ги разменувал со дадилката со која ја изневерувал.


Тогаш мобилниот телефон на Гавин го синхронизирала со таблетот, а тој не го сфатил тоа, па на тој начин дознала дека ја изневерува.

Откако го соочила со вистината Гавин признал што направил. Неговата афера траела три години, а прашање е колку долго уште ја изневерувал и лажел пејачката.

Поради тоа, целосно е разбирливо зошто Стефани не сака да се присети на тој период од својот живот, па дури ниту преку песна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг