Го доживеал најголемиот успех на 29 години, а потоа сѐ тргнало наопаку: Актерот бил скршен, па ја засакал поранешната сопруга на негативецот на Холивуд

Точка

15/04/2024

23:07

6.780

Големина на фонт

а а а

Актерот Адриен Броди бил најмладиот добитник на Оскар со само 29 години, но потоа следел тежок период.

Актерот се запишал во историјата на кинематографијата кога за улогата на Владислав Шпилман во филмот „Пијанист“ од 2002 година добил Оскар. Имено, тој тогаш имал само 29 години со што станал најмладиот добитник на Оскар во таа категорија.

Тогаш тој бил во подем во Холивуд, а сите сакале да го ангажираат во нови проекти, филмови... Сепак, без оглед на неговиот талент и неоспорен успех во тој период, низ неколку години Броди „потонал“ и многумина се запрашале поради што повеќе не глуми на начинот на којшто го правел тоа претходно.


Подоцна се докажало дека за него целото тоа искуство не било обоено само со најубавите бои туку и престижната награда за него била пресврт.

Како што навеле медиумите, за актерот ова искуство било фантастично, но го втурнало во депресија и предизвикало нарушување во исхраната.

Тоа започнало откако за улогата на Шпилман, полскиот пијанист и композитор којшто го преживеал Холокаустот, Броди усвоил строг режим на исхрана после кој имал помалку од 60 килограми.

На него не влијаела само оваа екстремна физичка промена туку и процесот којшто влијаел ментално, како што се наведувало во „GQ“, тоа придонело во големата тага која ја чувствувал актерот.

Актерот тогаш се отворил за депресијата со која се соочил после првобитниот перформанс во филмот и говорел дека и натаму не може да го гледа филмот и дека сето тоа го вознемирува.


Неговите успеси во кариерата се впечатливи и големи, за неговиот љубовен живот многумина имале да кажат негативни зборови. Имено, тој љубовната среќа ја нашол со Џорџина Чепмен која пред него била во брак со холивудскиот предатор Харви Вајнстин од кој се разделила во 2017 година после десет години брак, а барањето за развод го поднела откако тој бил обвинет за сексуални напади над стотина жени. Тие двајца во текот на бракот ја добиле ќерката Индија и синот Дашијел.

Две години подоцна, Чепмен била видена со Броди на вечера во Порторико, а две години подоцна признале дека се во врска. Во декември 2023 година извор близок до парот признал дека парот е поблизок од кога и да е.

Тие двајца не се појавуваат често заедно во јавноста, а во 2021 година првпат парот стигнал заедно на „Трибека“ фестивалот на премиерата на филмот во којшто глумел актерот, а во септември истата година заедно се појавиле и на „Мет гала“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг