[ВИДЕО] Шок видео од регионот: Пензионер се симнува по фасадата на петкатница, луѓето гледаат со неверување

Точка

28/03/2024

11:24

4.541

Големина на фонт

а а а

На страницата на Инстаграм „Дневна доза на просечен Далматинец“ се појави необично видео, наводно снимено во Сплит.

Во преден план е постар господин кој вешто се качува по фасадата на петкатница додека минувачите збунети ја гледаат сцената. Еден од нив веднаш го извадил телефонот и почнал да снима.

Не е јасно од каде тргнал на ова опасно патување - од третиот или петтиот кат, како и зошто го направил тоа.

Голем број луѓе го коментираа видеото објавено со порака „Далматински Спајдермен“, а најчесто со шеговит тон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг