[ФОТО] Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа на САД поради корупција

Макфакс

18/03/2024

17:02

1.960

Големина на фонт

а а а

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.

„Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист„, се истакнува во официјалната изјава Метју Милер, портпаролот на Стејт департментот.

„Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници“, се истакнува во напишаното.


„Овие ознаки ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво“, додаваат од Стејд Департментот.

Освен посочените лица, на црната листа се додаваат и членовите на нивните семејства.

„Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД“, додаваат од Стејд департментот.

Американската амбасадорка Агелер се огласи по ставањето на црна листа на Јанева и Јакимовски

Американската амбасадорка Анџела Агелер на ФБ на амбасадата на САД објави статус во кој вели дека САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, гранка на владата или заедница.

“Today’s designations of former Special Chief Prosecutor Katica Janeva and current presidential candidate and mayor...

Posted by U.S. Embassy North Macedonia on Monday, March 18, 2024

„Денешните ознаки на поранешната специјална главна обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски не треба да изненади никого. САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, гранка на владата или заедница вклучена во значителна корупција. Народот на Македонија заслужува правда и одговорност од своите институции да го спречат бранот на криминалното однесување и да го спречат ракот на корупцијата “ – Амбасадорката Ангела Агелер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг