[АУДИО] Последните морничави зборови на пилотот чиј син одвел 75 луѓе во смрт: Прво ќерката Јана го „возела“ авионот, а потоа настанал хоророт

Точка

26/04/2024

18:41

5.784

Големина на фонт

а а а

Морничавите последни зборови на пилотот, изговорени само неколку моменти пред неговиот авион да се урне на планината, убијвајќи ги сите во него – откриваат дека му дозволил на своето дете да се занимава со контролите.

Злогласниот лет на „Аерофлот 593“ патувал од меѓународниот аеродром Шереметјево во Москва до аеродромот Каи Так во Хонгконг на 23 март 1994 година, но фатална грешка резултирала со целосна катастрофа на летот.

Во авионот имало 12 членови на екипажот и 63 патници, меѓу кои и двете деца на Јарослав Кудрински, кои биле на нивното прво меѓународно патување. На половина пат од летот, најискусниот пилот, капетанот Андреј Данилов, ја напуштил пилотската кабина за да се одмори, оставајќи ги Кудрински (39) и првиот офицер Игор Пискарјов (33) задолжени да управуваат со авионот.

Со авионот на автопилот и поставениот курс, Кудрински ја искористил можноста да ги покани своите две деца во пилотската кабина на обиколка, додека повеќето патници спиеле.

Сакајќи да им приреди незаборавно искуство, им дозволил на секој од нив да седне на пилотското седиште и да ги допре контролите како би се чувствувале дека управуваат со авионот.

Јана (12) била прва и нејзиниот „лет“ поминал без никакви компликации. Нејзиниот татко ја приспособил патеката на летот така што изгледало како малку да го врти авионот, иако автопилотот сè уште имал контрола.


По неа следел Едгар, нејзиниот 16-годишен брат. Уште еднаш, Кудрински полека управувал со контролите за да му даде шанса на својот син да „управува со авионот“, но во таа возбуда момчето силно ги турнало контролите.

Без знаење на екипажот на летот, тоа предизвикало автопилотот на авионот да се исклучи. Предупредувањето се појавило на пилотската кабина, но било исклучено пред пилотите да го забележат тоа.

Сфаќајќи што направил неговиот син, на снимката може да се слушне Кудрински како му вели да си оди од кабината.

Рекол: „Едгар, бегај. Оди позади, оди позади! Гледаш дека сме во опасност, нели?! Оди, оди Едгар! Оди, оди! Ти велам да си одиш!“.


Авионот се движел на опасно висок наклон од 90 степени, а на видеото се слуша како првиот офицер Пискарјов како го повикува Кудрински да му даде „полна сила“ на моторот за да го исправи тоа. Но, авионот не можел да издржи толку стрмно вртење и застанал. Додека пилотите првично можеле да го исправат тоа и го вратат авионот во нормален агол, неискусниот прв офицер случајно повторно го закочил леталото.

Авионот почнал да се врти, но и покрај напорите повторно да се исправи, тие изгубиле преголема височина и се урнале во планинскиот венец Кузњецк Алатау со 100 милји на час.

Ударот веднаш ги усмртил сите во авионот.


Целата трагична и потполно можна да се избегне ситуација, се одвивала само 2 и пол минути.

Иако „Аерофлот“ првично негирале присуство на деца во пилотската кабина за време на несреќата, тие на крајот го признале постоењето на патници во пилотската кабина кога податоците од црната кутија ја откриле вистината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг