[ФОТО/ВИДЕО] Желка оклоп за руските тенкови! „Цар Мангал“ е предмет на потсмев, но станува сериозно смртоносно оружје

Точка

26/04/2024

19:50

4.406

Големина на фонт

а а а

Кога „желка оклопот“ се појавил на бојното поле во Украина, сите со чудење гледале во него.

Проукраинските симпатизери се смееле на видеата од руските тенкови кои се движеле на бојното поле со „желка оклоп“.

Русите го нарекуваат „Цар Мангал“ и постојат верзии 0.1 и 0.2 

Прво еден тенк којшто ја водел колоната тенкови во правец кон Красногорвка, на себе примил удар. Вториот тенк којшто се движел кон истиот правец имал уреди за деминизирање. Тенковите личеле на сѐ само не на тенкови.

Задачата на тенкот било чистење на минските полиња, заштита на пешадијата, попречување на системите за електронско војување и уништување дронови.

Некои потсетувале на германските тенкови од Првата светска војна. Други на „Sturngeschutz“. Односно на визијата на Ерих фон Манштајн кога ја создал тактиката на „јуришен топ“ којшто нашол значајна примена на бојното поле во Советскиот Сојуз. Ова оружје станало темел на моторизирање на пешадијата.

И потоа Русите направиле свои IS-2 I 3, а сега ваквиот тренд се наметнува дека категоријата тешки тенкови повторно ќе стане актуелна.

Меѓутоа, за разлика од своите IS-2, 2M I 3, новите тенкови кои се претвораат во тешки, повеќе нема да добијат можност на движење на куполата кружно, 360 степени, со ваквите желка оклопи и со тоа стануваат „самоодни“ топови плус уште потешко подвижни.

Истата ситуација повторно се случила, овојпат на бојното поле на Украина. Овојпат не бил користен некој типски оклоп. Работилниците во позадина на фронтот имале полни раце работа, а се користело лим, челични плочи кои се заварувани и со тоа околу телото на оклопот создаваат противакумулаторен оклоп.

Инаку, под таквиот оклоп се наоѓа и реактивен оклоп контакт 1 или контакт 5, па и реликт.

За тоа време челичните шипки со должина од половина метар се заваруваат на телото од тенкот, а на нив се закачува конструкција од лим. Во ваквиот оклоп тенкот нема можност да ја движи куполата, освен што целиот мора да се врти и со тоа се губи брзината и моќта на движење.

Тенковите со желка оклоп полека стануваат реалност и сѐ повеќе тенкови стануваат гломазни и слабо се движат. После Т-62 и Т-72 на ред дошол тенкот Т-80, влечно возило како борбено возило на пешадијата.

Новост е тоа што на предниот дел од тенкот којшто останал отворен, се наоѓаат противакумулативни челични завеси кои го покриваат влезот и со тоа спречуваат удар од дрон камиказа однапред или активирање на противоклопните ракети чие кумулативно полнење експлодира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг