Тајната за изгледот на Моника Белучи на нејзина 60-годишна возраст: „Никогаш не одам во теретана, но...“

Точка

18/03/2024

16:25

5.719

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи на 60 години има совршена фигура, а во една прилика ја откри тајната на својот беспрекорен изглед.

Таа истакнала дека не практикува вежбање и дека тренинзите не се вклопуваат во нејзиното напорно секојдневие. Сепак, нејзината тајна лежи во пливањето и јогата.


Моника открила дека плива четири пати неделно по 45 минути и е убедена дека тоа е најдобриот начин да се одржи во форма.

"Јас сум како ајкула, постојано сум во движење, морам да го сторам тоа за да преживеам. Понекогаш, сепак, за свое добро жената мора да најде начин да се одмори и да биде мрзелива", истакнала таа.

Познатата актерка не се оптоварува за својот изглед и смета дека „да бидеш слаба“ не е неопходно кога е убавината во прашање.


„Мислам дека слабото тело не е предуслов за убавината. Јас сум жена и имам облини. Мрзелива сум, никогаш не одам во теретана. Сакам чоколадо и тестенини и често излегувам со пријателите во ресторани. Не сум опседната со тоа да бидам слаба. Сексапилноста не е секогаш младо и затегнато тело“, изјавила таа.

Моника се труди да не се лишува од разни видови храна, туку ги ограничува порциите. Благодарение на ова, таа јаде што сака, сè додека ја контролира количината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk