Наоми Кембел изгледа феноменално и на 53-годишна возраст: Манекенката открила како се храни, а ова се намирниците кои никогаш не ги јаде

Кармин

18/03/2024

15:21

4.068

Големина на фонт

а а а

Многумина ја сметаат Наоми Кембел за една од најубавите жени во светот. Покрај редовните тренинзи, таа го одржува својот изглед и со тоа што многу внимава на исхраната.

Пред неколку години, таа започнала да соработува со тренерот Џо Холдер.

„Вежбам, но не во обична теретана, не користам справи. Не можам да одам во обична теретана, тоа ме прави нервозна. Никогаш не сум сакала да вежбам пред да започнам да работам со Џо. Не ми се допаѓа сè што ме тера да правам, но не се работи за тоа дали ми се допаѓа. Се работи за „напад“ на телото во различни сегменти и работа на кондиција“, вели Кембел.


Таа претходно откри дека јаде само за време на ручек.

„Ручекот е мојата вечера бидејќи навистина јадам само еднаш дневно. Недела е денот кога се почестувам со некој деликатес - колачи или пудинг“, вели манекенката.

Консумира многу бела риба, салати и зеленчук, а обожува разни вкусови и зачински билки, вели нејзиниот личен готвач. Денот го започнува со топла вода со лимон, а она што е интересно е што никогаш не нарачува храна од ресторани.


Наоми никогаш не консумира млечни производи, пилешко месо и глутен. Кога беше на врвот на модната кариера, таа постела со денови пред модните ревии.

„Ако не чувствувам потреба за храна во текот на денот, едноставно не јадам. Пијам вода и сокови. Тоа зависи од тоа како се чувствувам. Во текот на летните месеци и жештините, само сакам да пијам сокови“, вели Наоми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk