На Куба има недостиг од храна и струја, луѓето протестираат: Цената на горивото порасна за 400%

Точка

18/03/2024

18:40

2.313

Големина на фонт

а а а

Кубанците вчера организирале улични протести, што е реткост во таа земја, поради недостигот на храна и струја, откако поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија некои делови на островот останале без струја и до 14 часа дневно. „Луѓето извикуваа: Храна и струја“, рекол за „AFP“ 65-годишен жител на вториот по големина град на островот Сантијаго де Куба, кој е сместен на 800 километри источно од престолнината Хавана.

Струјата е повторно пуштена во градот подоцна во текот на денот и дошле „два камиони со ориз“, рекол сведок. Социјалните мрежи се полни со фотографии од протестите во градот Сантијаго де Куба, каде живеат 510.000 луѓе. Објавени се и фотографии од протестите во Бајам.

„Непријателите на револуцијата сакаат да ја искористат ситуацијата“

Од почетокот на мај на Куба зачестија снемувањата на струја поради работата на одржување на термоелектраната Антонио Гуитерас, која е најголема на островот. За викенд ситуацијата се влошила поради недостиг на гориво потребно за производство на електрична енергија. Некои подрачја, како градот Сантијаго де Куба, биле без струја до 14 часа дневно.

„Неколку луѓе го изразиле своето незадоволство од ситуацијата со електричната енергија и дистрибуцијата на храна“, рекол кубанскиот претседател Мигуел Диаз-Канел на „X“, предупредувајќи дека „непријателите на револуцијата“ планираат да ја искористат ситуацијата.

Цената на горивото порасна за 400%

Постојат терористи со база во САД, кои го осудивме неколку пати, а кои поттикнуваат акции кои се спротивни на внатрешниот поредок на земјата, додал тој. Американската амбасада во Хавана соопштила на „X“ дека е запознаена со извештајот за мирните протести во Сантијаго, Бајам и други делови на Куба.

Струјата Куба ја добива од осум стари термоелектрани, генератори и осум пловечки електрани изнајмени од Турција, кои исто така биле погодени од недостиг на гориво. Владата порано овој месец ја зголеми цената на горивото за повеќе од 400 проценти во склоп на својот план за закрепнување на економијата. Земјата од 11 милиони жители минува низ најлошата економска криза од распадот на источниот блок во 1990-тите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг