Астролозите ги откриваат најсреќните датуми во март: Во текот на овие 4 денови ќе доживеете фантастични промени

Кармин

01/03/2024

20:30

16.025

Големина на фонт

а а а

Астролозите откриваат кои денови во март за нас ќе бидат најуспешни и зошто.

Обидете се да се сетите на овие датуми или запишете ги за да знаете кога треба да бидете најактивни.

Доаѓа долгоочекуваната пролет. Време е да дознаеме кои денови во март ќе бидат поволни за нас. Според прогнозата, најмоќната креативна енергија ќе владее во текот на четири денови во март.

10 и 11 март се најважните денови кои ќе го одредат понатамошниот развој на целиот месец затоа што во тие денови Меркур и Венера ќе ја вратат својата моќ со што ќе заврши неповолниот период којшто започнал во средината на февруари.


3 март – датум огледало

Првиот ден на моќта ќе биде датумот огледало. На овој духовен ден ќе ни се отвори вратата во новиот свет. Тројката ќе ни помогне да сфатиме каде сме сега, каде да одиме понатаму и како да гледаме на сѐ што се случува околу нас. На овој ден универзумот наголемо ќе го зајакне нашето шесто сетило – како индивидуално така и колективно.

10 март – Меркур преминува во знакот на Овен

10 март е најважниот и најповолниот ден во месец март. Меркур на овој ден повторно ќе стане креативен, ќе ја врати својата моќ. Ќе биде одличен ден за купување, комуникација и патување. Сето тоа ќе биде релевантно за наредните денови од март, но 10 март дефинитивно нема да биде ден каде што ќе бидете сами и депресивни.

12 март – Венера преминува во знакот на Риби

Веднаш после Меркур, Венера ќе ја врати својата сила, но тоа нема да биде само ден за враќање на оваа планета во цел сјај, туку и ден на нејзин брз залет после долгиот престој во деструктивниот знак на Овен. На овој ден ве очекува инспирација и враќање на физичката и духовната сила. Ќе бидете попродуктивни, повесели и побистри.


20 март – рамноденица

Рамноденицата отсекогаш била и ќе биде денот на моќта. На 20 март рамноденицата е многу урамнотежена и удобна.

Обидете се ова време да го поминете со семејството, правејќи работи кои ги сакате и правејќи добро. Вашата сила во семејството нека се врати, а ќе ве следи и среќа во секоја ситуација, а вашите најмили нека ви ја дадат потребната топлина и љубов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk