За жените родени во овој хороскопски знак велат дека се навистина опасни. Некои се плашат од нив затоа што веруваат дека нивниот убод е прилично болен.
Други велат, каде што гази таа тука не расте трева. Меѓутоа, реалноста е поразлична. Еднаш кога ќе ја запознаете, ќе сфатите колку всушност таа е жена за восхит.
Таа е Шкорпија!
Ова всушност е еден од нејзините клучни квалитети во животот. Ништо не може да го наруши тлото под нејзините нозе. Без оглед на тоа дали тоа се пријателите или мажот којшто го сака, таа совршено добро знае каде лежи лојалноста и зошто е толку важна.
Жената родена во овој хороскопски знак нема потреба од некој којшто ќе внимава на неа и ќе ѝ го чува грбот. Иако делува мала и молчалива, таа има сила и храброст на лавица. Поради оваа карактеристика таа е во состојба да се грижи за себе.
Жената родена во овој хороскопски знак е исклучително остар набљудувач. Таа има склоност да влегува во ситници кога станува збор за проблем или личност. Ќе ги забележи работите кои не им се видливи на другите, а поради оваа природа на гледање на работите, жената родена во знакот на Шкорпија е склона многу добро да проценува.
Жената родена во знакот на Шкорпија по природа е одлучна и постојана. Таа е некој којшто размислува за постигнување на целите и добро знае што сака. На тој пат ништо не може да ја поколеба, па колку и да се труди некој да го направи тоа.
За страста на жените родени во знакот на Шкорпија вреди да се напише книга. Кога сака, ќе направи сѐ за да ја направи среќна и другата страна. Од друга страна кога некого не го сака, ќе направи сѐ за да му го загорчи животот. Што и да прави, дава сѐ од себе и оди до крајни граници.
Секогаш е зафатена со правење планови да стигне до самиот врв. Не, тоа не значи дека таа не стои цврсто на земја туку само дека е многу амбициозна и дека верува во своите соништа.
Кој не сака да има интуиција? Меѓутоа, не се сите благословени со овој подарок. Сепак, жените родени во знакот на Шкорпија тоа го поседуваат. Тие природно се благословени со оваа единствена особина. Нејзината длабока смисла за разбирање на луѓето и ситуациите ја прави мајстор во „предвидувањето“ на идните настани.
Сите знаат колку е важно да се носат правилни одлуки во вистинскиот момент од животот. Меѓутоа, често се наоѓаме заглавени во огромната мрежа на проблемите поради носењето на помалку мудрите одлуки
Не може да ја „прочитате“ жената Шкорпија како отворена книга, и колку и да се трудите да го направите тоа.