[ВИДЕО] Гледачите веруваат дека ова ќе биде најчудниот филм на годината: „Не знам што се случува овде, но заинтересиран сум“

Точка

14/02/2024

17:33

3.510

Големина на фонт

а а а

„Studio Bleecker Street“ објави трејлер за надреалистичката комедија „Sasquatch Sunset“, во која главните улоги ги толкуваат Рајли Кио и Џеси Ајзенберг. Филмот е во режија на Дејвид и Нејтан Зелнер, а сценариото за филмот го напишал Дејвид.

Во филмот, Кио и Ајзенберг ги отелотворуваат митолошките суштества Сасквоч (исто така познати како Бигфут) – мајмунолики суштества за кои се верува дека ги населуваат дивините на САД и Канада. Филмот прикажува семејство Сасквоч и една година од нивниот номадски живот.

Заедно со Кио и Ајзенберг, во филмот глумат и Кристоф Заџак-Денек и Нејтан Зелнер.

Најчудниот филм на годината

Филмот беше премиерно прикажан на крајот на јануари на филмскиот фестивал „Sundance“, каде што наиде на главно позитивни критики. Филмот моментално има 77% рејтинг од критичарите на „Rotten Tomatoes“.

Иако „Sasquatch Sunset“ сè уште не е достапен за пошироката јавност, трејлерот за филмот ги подели потенцијалните гледачи. Додека на некои не им е јасно зошто воопшто е снимено такво нешто, други пишуваат дека филмот ќе биде одличен. Поради овие разлики во мислењата, некои поединци го споредија „Sasquatch Sunset“ со филмот „Swiss Army Man“, кој исто така ја подели публиката, но на крајот стана култен класик.


„Би рекол дека овој филм е овогодишниот „Swiss Army Man“. Не е привлечен за мејнстрим публиката, ги подели луѓето што го гледаа, но оние кои уживаа во него ќе го обожуваат“, напишал еден корисник на „Reddit“.

„Не знам што се случува овде, но заинтересиран сум“, напишал друг корисник.

„Sasquatch Sunset“ пристигнува во кината на 12-ти април 2024 година.