Кога станува збор за хороскопските знаци, овие три знаци се толку добро, нежни и емпатични, што се смета дека имаат душа како ангел.
Доколку партнерот ви е роден во хороскопскиот знак Девица, вие сте една среќна личност. Тоа се луѓе со многу емпатија и љубезност кон другите, секогаш се подготвени да помогнат и да дадат поддршка во тешки ситуации. Тие тешко поднесуваат лаги, а и самите ретко лажат. Девиците се лица со најранлива душа. Не се одмаздољубиви, но никогаш повеќе нема да ви веруваат доколку ги разочарате или не им подадете рака кога им е тешко. Многу се лојални, што и да се случи.
Луѓето родени во овој хороскопски знак се познати по својот алтруизам. Ќе го дадат и последното што го имаат на оној на кого му е попотребно, но истото ќе го очекуваат кога нив ќе им биде потребно. Тие се многу љубезни, но очекуваат да им се врати сето тоа со иста мера. Тешко дека ќе најдете подобар партнер од Водолијата.
Тој секогаш е подготвен да им помогне на другите, без исклучок, понекогаш го жртвува сопственото добро. На Ракот не му е важно кому му помогнал, важно му е тоа да го направи од срце и со добра намера. Раковите не се агресивни и трпеливо одолеваат на туѓите напади. Чувството на бес и завист за него се непознати. За доброто на своите сакани подготвени се да направат многу, дури и себеси ќе си скратат одредени работи само за да им удоволат на другите.