Нешто најубаво што ќе видите денеска: Видеото од новороденче и мајка ги освојува социјалните мрежи

Кармин

31/01/2024

21:00

17.889

Големина на фонт

а а а

Видеата кои изминативе денови го освоија ТикТок, но и другите социјални мрежи, настанале во Бразил, а на нив е прикажано штотуку родено девојче кое „одмара“ на образот од својата мајка.

Раѓање на бебе е неверојатен момент на необјасниви емоции кои засекогаш остануваат врежани во мајката и таткото, а фотографката Бруна Коста од Бразил на своите видеа тоа успеала да го забележи.

На својот профил на социјалната мрежа ТикТок таа споделува фотографии и видеа кои настануваат пред и после породувањето на жените.

Токму низата такви видеа го освоиле ТикТок, а на нив прикажано е штотуку родено бебе кое „одмара“ на образот од својата мајка по раѓањето.

Додека родителите ја „тапкаат“, штотуку роденото девојче љубопитно гледа наоколу, а видеата ги разнежиле сите кои ги погледнале.

Едно од низата видеа привлекло повеќе од половина милиони прегледи само на ТикТок, а на профилот на фотографката може да се најдат и други слични објави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk