Софија Вергара признала дека нејзиното тело ѝ било карта за светот на славните, но дека карактерот ја одржал на сцена низ годините.
Актерката се присетила на почетокот од својата кариера и на времето кога била модел, па сите заслуги за светската слава ги припишува на својот добар изглед.
„Моите големи гради и тело ми ја отворија вратата. Тоа беше мојата карта за светот кога имав само 20 години и почнав како модел, но денес имам 51 и сѐ уште сум тука“, изјавила актерката.
Меѓутоа, иако е искрена во тоа дека изгледот ѝ помогнал да стигне во светот на славните, таа смeта дека карактерот е тој којшто ја задржал на сцената.
„Постојат убави и млади жени кои имаат поголеми гради и подобро тело од мене, но јас сѐ уште сум тука затоа што покажав дека можам“, додала Софија.
Вергара исто така истакнала дека проблем е што другите ги гледаат само нејзините гради, а не и талентот којшто неоспорно го поседува.