Тајната состојка ги прави помеки од памук: Најсочните кифлички кои со денови остануваат свежи

Кармин

01/12/2023

17:00

8.422

Големина на фонт

а а а

Со што и да ги филувате (па дури и доколку ги јадете празни), овие кифлички ќе ви го разубават денот со нивниот вкус.

Домашните кифлички спаѓаат во омиленото печиво за појадок, а доколку е полнето со сирење, спанаќ, ајвар, печурки вкусот навистина е неодолив.

Кифличките се популарен избор и за слава, кога вообичаено се подготвуваат празни.

Состојки:

- 1 килограм брашно;
- 1 коцка свеж квасец;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 1 лажичка сол;
- 1 лажичка шеќер;
- 4 лажици кисела павлака;
- 500 милилитри млеко;
- 150 милилитри масло;
- 130 грама маргарин;
- 2 јајца.


Подготовка:

1. Разматете го квасецот во малку топло млеко, па додадете шеќер и малку брашно и оставете го десетина минути.

2. Потоа додадете брашно и прашок за печиво, потоа сол, па додадете млеко и на крај кисела павлака и масло.

3. Месете со рака додека не добиете компактно тесто, па покријте го со крпа и оставете да нарасне, па обликувајте топчиња.

4. Повторно премесете, па обликувајте топчиња.

5. Исечете ги на триаголници, па намачкајте ги со маргарин, посолете, па исфилувајте по желба.

6. Распоредете ги кифличките, па оставете да отстојат уште 15-на минути.

7. Изматете ги јајцата и со нив премачкајте ги кифличките.

8. Печете во рерна загреана на 200 степени, додека кифличките не заруменат.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk